Македонија е одличен партнер на САД во борбата со тероризмот

Скопје, 20 октомври 2014 (МИА) - Македонија е одличен партнер на САД, кој работи со нас на проблемот со сириските странски борци. Ја цениме многу соработката со Македонија на ова прашање, на кое работиме како партнери и во ОН заедно со други земји, изјави денеска во Скопје американскиот амбасадор задолжен за прашања поврзани со сириските странски борци, Роберт Брaдке, по средбата со министерот за правда Аднан Јашари.

- Ова е прашање за кое и САД и Македонија се мошне загрижени. Борците во Сирија и Ирак доаѓаат од над 80 земји во светот, вклучувајќи ги и САД. Таму се придружуваат и се борат на страната на странски терористички организации како ИСИЛ и Ал Нусра.  Загрижени сме поради ова од повеќе причини. Прво поради она што го прават во Сирија и Ирак, каде го тероризираат локалното население и вршат ужасни злосторства кон лицата кои се нивни заложници. Исто така, загрижени сме за овие бoрци поради потенцијалот што го имаат по нивното враќање во сопствените или во други земји. Ние ја делиме оваа загриженост со Владата на Македонија. Македонија е одличен партнер, кој работи со нас на овој проблем, рече  Брадке, кој беше придружуван на средбата од амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс.

Министерот Јашари истакна дека на средбата тој информирал за измените на Кривичниот законик со кој се санкционира одењето на македонски државјани во странски војски, како и за постапката за нивна примена. 

- Го известив и дека се работи за создавање на превентивни мерки во насока на дејствување на сите граѓани, односно државјани на Македонија да не заминуваат во туѓи војски, пред се, во земјите на Блискиот Исток. Целта на овие мерки е зачувување на имиџот на верата, односно на исламот и нивната национална припадност, рече Јашари. 

Амбасадорот Брaдке ги поздрави измените на законот, но подвлече дека е многу битно како тој ќе се применува во пракса, дали тоа се прави фер, на балансиран и транспарентен начин.

Американскиот амбасадор задолжен за прашања поврзани со сириските странски борци Брaдке треба да се сретне и со премиерот Никола Груевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...