Основци и средношколци ќе собираат отпадни батериии

Скопје, 20 октомври 2014 (МИА) - Повеќе од 15.000 ученици од основните и средни училишта од општините Центар, Кисела Вода, Карпош, Ѓорче Петров, Прилеп, Штип и Кичев ќе се вклучат во проектот за селекција на отпадни батерии и стари мобилни телефони „Гоу клин“, на еколошка организација Гоу Грин во партнерство со Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија.

Проектот ќе се реализра во 78 училишта, со цел стимулација учениците да се однесуваат одговорно кон животната средина. Канти за отпадни батерии се поставени во сите училишта и во тек е натпреварот за собирање на отпадни батерии.

Т - мобиле ќе поддржи натпревар со поставување кантички за собирање отпадни батерии во училиштата, музички настан „Празнење батерии“ во клуб Хавана на 24 октомври, каде влезницата ќе биде пет батерии или еден стар мобилен телефон, како и награди за најуспешните училишта и млади активисти на Гоу Грин.

- Доколку ги фрламе батериите и старите мобилни телефони во контејнер, тие ќе завршат во локалната депонија и тешките токсични метали кои ги содржат, преку подземните води се депонираат во почвата, од каде ја добиваме и храната. Зголеменото ниво на токсични метали кај луѓето предизвикува главоболки, стомачни болки, епилептични напади, остеопороза, стерилитет, леукемија, иритација на кожата, рак и други болести, соопшти Гоу Грин.

Проектот, како што е наведено во соопштението, овозможува систем за 350.000 граѓани соодветно да се ослободат од нивниот отпад.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...