ВИДЕО: Приведени поранешни функционери од одбраната и бизнисмени

Скопје, 21 октомври 2014 (МИА) - Министерството за внатрешни работи утринава во полициска акција приведе осум поранешни функционери од одбраната и бизнисмени кои се сомневаат дека проневериле неколку милиони долари.

Тие се товарат дека криминалот го направиле при сервисирање на хеликоптери.

Скопје, 21 октомври 2014 (МИА) - Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против девет лица осомничени за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“, „перење пари и други приноси од казниво дело“ и „фалсификување или уништување на деловни книги“ во врска со сервисирање на шест хеликоптери на Министерството за одбрана на Република Македонија.

Од страна на оваа организирана криминална група е нанесена штета на Министерството за одбрана односно на Буџетот на Република Македонија во вкупен износ од 2.872.254 американски долари или 134.988.810 денари.

Согласно изготвен План за реализација и добиени наредби за лишување од слобода, од судија за претходна постапка, од слобода се лишени осум од деветте кривично пријавени лица. Еден од нив се наоѓа на болничко лекување. Во текот на денешниот ден сите лица ќе бидат изведени пред судија за претходна постапка.

Осомничените Б.Б.(1960) од Скопје, В.Ѓ.(1961) од Кочани, В.Ѓ.(1953) од Кочани, В.Б.-Ѓ.(1963) од Кочани, Н.М.(1963) година од Струга, Д.Н.(1947) од Пробиштип, Ј.Ѓ.(1959) од Скопје, Ж.П.(1951) од Скопје, се осомничени дека  во периодот од 2004 до 2009 година незаконски присвоиле 2.768.000 американски долари, односно 134.988.810,00 денари, со прикажување на нереално зголемена вредност на услуги за сервисирање на хеликоптерите на МО.

Пријавените Б.Б., В.Ѓ. и В.Ѓ., сите во роднинска врска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист од големи размери, формирале криминална група, преку која во посочениот период незаконски присвоиле парични средства од големи размери, користејќи склучени договори со повеќе фирми за услуги од Скопје, Кочани, од Бугарија, Велика Британија и Кипар.

Имено, Б.Б.(1960) од Скопје е овластен потписник на нерезидентната сметка во „Комерцијална банка“ АД Скопје на „Дрвомак“ од Благоевград, Бугарија, стручен соработник и овластен потписник на нерезидентната сметка во „Комерцијална банка“ АД Скопје на „КЛ Technoservices“ ЛТД од Ливерпул, Велика Британија, сопственик и овластен потписник на „ПТП Деликатес (Кипар) традинг ЛТД“ од Кипар. В.Ѓ.(1961) од Кочани е сопственик на „Студио Д“ ДОО Кочани, сопственик на „Делта Текс Ко“ ДОО Кочани, управител и основач на „Дрвомак“ од Благоевград, Бугарија и овластен потписник на нерезидентната сметка во „Комерцијална банка“ АД Скопје на „Дрвомак“. В.Ѓ.(1953) од Кочани пак е управител на „Делтекс“ ДООЕЛ Кочани, сопственик на „Студио Д“ ДОО Кочани и сопственик на „Делта Текс Ко“ ДОО Кочани, додека В.Б.-Ѓ.(1963) од Кочани сопственик и овластен потписник на „Дрвомак“ од Благоевград, Бугарија, основач на „Делтекс“ ДООЕЛ Кочани, сопственик и управител на „Делта Текс Ко“ ДОО Кочани. Љ.К.(1955) од Кочани е основач сопственик и директор на „КЛ Technoservices“ ЛТД од Ливерпул, Велика Британија.

Н.М.(1963) година од Струга, е поранешен раководител на Сектор за логистика при Министерството за одбрана, Д.Н.(1947) од Пробиштип, директор на „Сувенир“ АД во стечај Самоков, во својство на директор на правното лице „Сувенир“ А.Д. село Самоков Македонски Брод, Ј.Ѓ.(1959) од Скопје е сопственик и управител на „Специјална опрема Скопје“ ДОО Скопје, Ж.П.(1951) од Скопје во својство на управител на „Специјална опрема Скопје“ ДОО Скопје.

Осомничените, информираше на денешната прес-конференција помошник министерот во МВР Иво Котевски, основале две странски правни лица „Дрвомак“ ЛТД, Благоевград и „КЛ ТTechnoservices“ ЛТД од Ливерпул,  со цел надлежните органи на Република Македонија да немаат увид на паричните текови, деловните активности и нивното работење.

За таа цел, тие во криминалната група ги ангажирале пријавените Н.М. како началник на секторот за логистика при МО, В.Б.-Ѓ. и Љ.К., како одговорни лица во „Дрвомак“ и „КЛ ТTechnoservices“, како и пријавените Ј.Ѓ., Ж.П. и Д.Н. во својство на овластени и одговорни лица во правните субјекти „Сувенир“ и „Специјална Опрема Скопје“.

- Криминалната група преку неосновани исплати од Дрвомак и Техносервис на правните лица „Делта Текс Ко“, „Делтекс“, „Студио Д“, „Еко Нет Агенс“, Деликатес-Никозија Кипар, кои правни лица се во нивна сопственост и Специјална опрема Скопје, како и преку готовината што ја подигал пријавениот Б.Б., нелегално стекнатите парични средства во вкупен износ од 1.121.400 американски долари, 72.282 евра и 21.800 британски фунти, ги внеле во легалниот платен промет на Македонија. Членовите на криминалната група го оштетиле МО за вкупен износ од 2.768.000 американски долари односно 134.988.810,00 денари, појасни Котевски.

Како член на криминалната група, Н.М. во својство на началник на Секторот за логистика при МО во своето постапување, нагласи Котевски, не презел доволно активности за да ги заштити интересите на МО, односно овозможил „Дрвомак“, од Благеовград да се стекне со противправна имотна корист.

- Н.М. учествувал во постапките при склучувањето на договорите помеѓу МО на со „Сувенир“ и „Специјална опрема“ Скопје, односно преку него одела целокупната коресподенција помеѓу МО и овие две правни лица. Иако во договорите стоело дека давателот на услугите го информира корисникот-МО на РМ, за текот на извршување на услугите, а имајќи го предвид фактот дека во тој период бил во секојдневна комуникација со Б.Б., којшто бил главниот налогодавач за уплатите и исплатите од сметката на „Дрвомак“ и имал увид во вредностите на сите договори со украинските изведувачи на ремонтите, не презел доволно активности за да ги заштити интересите на МО односно за истото да исплати 1.742.300,00 американски долари повеќе, во корист на „Дрвомак“ Благоевргад, изјави помошник министерот во МВР.

Исто така, Д.Н., преку „Сувенир“ им овозможил на членовите на организираната криминална група да се стекнат со противправна имотна корист во износ од 935.000 американски долари, кои биле уплатени во корист на „Дрвомак“ на нерезидентната сметка во „Комерцијална банка“, а пријавените Ж.П. и Ј.Ѓ., преку „Специјална опрема Скопје“ им овозможиле на членовите на организираната криминална група да се стекнат со противправна имотна корист во износ од 807.300 американски долари кои биле уплатени во корист на „Дрвомак“ и противправна имотна корист во износ од 1.129.954 САД долари кои биле уплатени во корист на „КЛ ТTechnoservices“ на нивните нерезидентни сметки во „Комерцијална банка“.

Пријавениот Б.Б., како овластен потписник на нерезидентната сметка на „Дрвомак“ во „Комерцијална банка“, од приливот на девизни средства во износ од 1.834.000 САД долари на 12.10.2005 година, по основ на првиот договор и приливот на девизни средства во износ од 1.800.000 американски долари, по основ на вториот договор, откако дал налози за исплата на фирмата „Укринмаш“ во износ од 995.000 американски долари за првиот договор и 1.100.700 американски долари за вториот договор, со цел да оствари противправна имотна корист, дал налози за исплата и на останатите девизни средства од нерезидентната сметка на „Дрвомак“ кон други правни лица во странство и во Република Македонија, како и налози за подигање готовина на негово лично име, па така на овој начин во периодот од 21.04.2005 до 10.09.2007 година, исплатил вкупно 1.541.345 американски долари, 29.612 евра и 11.600 британски фунти.

Тој како овластен потписник на нерезидентната сметка на „КЛ ТTechnoservices“ во „Комерцијална банка“, од приливот на девизни средства во износ од 2.745.000 американски долари, по основ на третиот договор, откако дал налози за исплата на фирмата „Укринмаш“ во износ од 1.615.046 американски долари со цел да оствари противправна имотна корист,  дал налози за исплата на останатите девизни средства од нерезидентната сметка на „КЛ ТTechnoservices“ кон други правни лица во странство и во Република Македонија, како и налози за подигање готовина на негово лично име, па така на овој начин во периодот од 12.03.2007 до 04.05.2009 година, исплатил вкупно 941.359,50 американски долари.

Со цел да оствари противправна имотна корист, пријавениот Б.Б., заедно со пријавениот Љ.К., на овој начин одлеале од двете фирми вкупен износ од 2.482.704,50 американски долари, 29.612 евра и 11.600 британски фунти. Дел од вака исплатените девизни средства од сметката на „Дрвомак“, појасни Котевски, неосновано биле насочени кон правните лица „Делтекс“ (30.000 САД долари), „Делта Текс Ко“ (173.000 САД долари), „Студио Д“ (преку 117.000 САД долари) и „Еко Нет Агенс“ (13.000 САД долари), со прикажување на фиктивни деловни односи.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...