Министерот Спасов ја посети градинката „8 Март“

Скопје, 21 октомври 2014 (МИА) - Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска ја посети детската градинка „8 Март“ во општина Кисела Вода, каде децата заедно со своите воспитувачки и негувателки имаат засадено разни видови зеленчук во својата градина „Тиквичка“, како дел од активностите за подигнување на свеста за здравата исхрана.

- Преку програмата за едукација на децата во процесот на предучилишно воспитување сакаме да ги едуцираме за значењето и влијанието на здравиот начин на исхрана, за значењето на овошјето и зеленчукот... Притоа преку еден координиран пристап во детските градинки започнавме со процес на создавање градини во градинки преку кои децата можат да се едуцираат за начинот на кој се садат зеленчукот и овошјето, но и за хранливите состојки, и да стекнат здрави навики со што во иднина ќе се влијае на создавањето здрави навики за живот на секое дете, рече министерот Спасов.

Додаде дека на ваков начин Министерството во соработка со единиците на локалната самоуправа и детските градинки во Македонија се вклучува во владината кампања „Здравјето е избор“.

- Преку еден систематски координиран пристап во соработка со повеќе институции сакаме на повеќе начини да влијаеме на подигнувањето на квалитетот на храната во детските градинки преку задолжително воведување овошје и зеленчук, замена на маргаринот со путер, белиот со кафеав шекер..., потенцира Спасов. 

Сменети се, додаде, нормативите и стандардите во исхраната. - Воведовме правилник и нови менија како една клучна реформа за подигнување на квалитетот на исхраната во градинките. И натаму во соработка со градинките и општините ќе се продолжи со активности, истакна министерот за труд и социјална политика.

Градоначалничката на Општина Кисела Вода Билјана Беличанец Алексиќ истакна дека идејата на ваквите активности е да се подигне свеста за здравата храна од најмала возраст, за значењето на свежото овошје и зеленчук...

Резултатите од ваквите активности, додаде,  ќе можат да се видат во иднина во однос на бенефитите за здравјето на индивидуата.

Беличанев Алексиќ појасни дека Општина Кисела оваа учебна година почнала реализација на проект за поздрава исхрана во училиштата.

- Таму фирмите на тендерска постапка беа задолжени да имаат и нутриционист кој ќе дефинира исто мени на ниво на општина Кисела Вода. Ќе се инсистира да се почитуваат параметрите што ги задал нутриционистот во однос на здравата храна на учениците, рече таа.

Директорка на градинката Снежана Климановска истакна дека е неоходно да се едуцираат родителите за здравата исхрана на децата, бидејќи, како што рече, неоходно е децата, покрај во градинката, здраво да се хранат и дома. Тоа. додаде, се две алки кои треба да бидат врзани за да се постигне очекуваниот резултат кој генерално на ниво државата се очекува да се постигне.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...