Опозицијата да се вклучи во работата на Парламентот

Скопје, 21 октомври 2014 (МИА) - Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими денеска во своето обраќање пред пратениците го поздрави враќањето на опозициската ДПА во Собранието и ја повика СДСМ и другите опозициски партии да се вклучат во работата на Парламентот. Пред Собранието тој зборуваше за Извештајот за напредокот на земјата, препораката за почеток на преговори што Македонија ја доби повторно, но и за забелешките во документот и за подготовката на Акцискиот план за нивно надминување.

- Македонија доби шеста препорака, која е исклучително битна и обврска плус да продолжиме со спроведување на реформите и никако да не оставиме простор ни причини да скршнеме од тој пат. Значи, целосна посветеност и стратешка цел на Владата е да работиме во насока на евроинтегрирање, истакна Бесими. 

Во своето излагање, вицепремиерот за европски прашања се задржа на она што треба да го направи државата, за да ја оправда препораката за почеток на преговорите што ЕК ја даде и годинава. 

- Извештајот за напредокот од ЕК адресира неколку битни прашања во својата содржина, тука е политичкиот дијалог, унапредувањето на слободата на изразување, унапредувањето на независноста и надлежноста на судството, потоа реформите во јавната администрација, адресирањето на препораките на ОБСЕ во изборната реформа, подобрување на довербата помеѓу етничките заедници и добрососедството и друго, рече Бесими.

Економските критериуми, додаде тој, во најголем дел се концентрирани на фискалната дисциплина, на фискалната транспарентност и надминување на предизвиците на пазарот на трудот, особено кога се работи за вработувањето на младите, унапредувањето на конкуренцијата. Сериозен предизвик, според Бесими, останува политичкиот дијалог да биде отворен и активен, што ќе влијае позитивно врз престижот на земјата во однос на евроинтеграцијата. 

- Во однос на демократските капацитети во земјата, како што стои во Извештајот, Македонија во доволно ниво ги исполнува критериумите на Копенхаген и на овој начин се препорачува повторно почеток на преговори со ЕУ. Многу е битно што има забелешки во однос на судскиот систем, особено од аспект на зајакнување на независноста на судството и подобрување на квалитетот на правдата со цел зголемување на довербата на пошироката јавност во овој систем. И во однос на ова, во соработка со ЕК сега веќе се преземаат конкретни мерки во изготвување на стратегија и план за делување во понатамошни реформи во судскиот систем во Македонија, подвлече Бесими.

Во однос на слободата на изразување, нагласи дека треба да се надминат сите прашања за подобрување на климата на медиумите во Македонија. 

Бесими подвлече дека ќе продолжат напорите во зголемување на довербата меѓу заедниците и со меѓусебна почит и толеранција, пред се, преку имплементација на Охридскиот рамковен договор. - Охридскиот рамковен договор е основа за натамошно зајакнување на многуетничкиот карактер на нашето општество за унапредување на односите меѓу разните етнички заедници, како и за почитување на правото на граѓаните. Во фаза на подготовка е и анализата и Извештајот за квалитетот на имплементација на Охридскиот рамковен договор, истакна вицепремиерот за евроинтеграции. 

Што се однесува на јавната администрација, додаде, тоа што стои во Извештајот се реализираните реформи за унапредување на кариерата и за правично застапување. 

- Во однос на добрососедските односи ЕК ја става на видело потребата од една одлучна акција за надминување на отвореното прашање на името имајќи предвид дека тоа има непосредно влијание врз процесот на зачленување во ЕУ. И оваа констатација на ЕК никако не треба да се користи како преттекст за евентуално заостанување на реформите, туку како предизвик што треба да се надмине што е можно побрзо. Секако, ние го поздравуваме предлогот на ЕК за проактивна поддршка од лидерите на ЕУ со цел надминување на ова прашање. Македонија останува отворена за почеток и решавање на сите отворени прашања со цел целосно концентрирање на реформите од европската агенда, рече Бесими.

Од аспект на економските реформи, додаде, дека треба да продолжат напорите за зачувуваање на макроекономската одржливот на земјата, понатамошниот ангажман со пазарот на невработеноста. Тоа што има тренд на паѓање на невработувањето е исто така во однос на стратегијата за вработување на младите и се очекува во иднина и кај младите да има позитивни ефекти на пазарот на трудот. 

Од добивањето на препораката Бесими инфиормира дека СЕП имал средби со претставници од универзитетите, академското општество, граѓанскиот сектор, судството, но и дека ќе продолжи понатаму и со претставници од медиумите, со новинарите, а исто така и со приватниот сектор. 

Пратеникот Орхан Ибраими му се обрати на вицепремиерот Бесими посочувајќи дека ДПА се врати во Парламентот, затоа што тој е еден прозорец преку кој Албанците можат да слушнат различна идеја, затоа што тоа го сакале ЕУ и САД, а не затоа што тоа го сакаат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Извештајот за напредокот, според него, го нотира секој дефект и аномалии на државните институции. 

Пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз истакна дека Извештајот е реален одраз на објективните состојби во Македонија, но оти сега се користи покритички речник во одредени области. Народните избраници, според него, треба да добијат повеќе информации за подготовката на Акцискиот план. Побара од Бесими и од владините претставници да излезат и да ја презентираат платформата за тоа како да се надмине 20-годишниот спор за разликите со името што ја блокира Македонија во евроинтеграциските процеси.

- Раководството треба да преземе посмели чекори зашто тешко дека некој од надвор ќе ни помогне, изјави Трајанов.  

Во однос на забелешките во Извештајот, смета дека треба да се размисли Република Македонија да биде една изборна единица, а во однос на медиумите тие да предложат законско решение како и на кој начин сите медиуми да имаат пристап до средствата што за рекламирање што ги издвојува Владата.  

Пратеникот Ѓорѓи Коџабашиев од ВМРО - ДПМНЕ забележа дека во Извештајот за напредокот на РМ е констатирано задоволително исполнување на политичките критериуми, големо подобрување во економијата, прогрес во правосудството и јавната администрација и хармонизација со ЕУ легислативата на високо ниво. 

- И во овој Извештај има забелешки за мал напредок во одредени области, но такви забелешки има и во извештаите за напредокот и на развиени земји членки на ЕУ. Процесот за подобрување и напредок е континуиран и низ него се движи и Република Македонија, заклучи Коџабашиев.

Според него, единствена пречка за недобивање датум за преговори е наметнатиот спор за името со Грција.

Во дискусијата за Извештајот тој се осврна на економските критериуми. Пазарната економија е придвижена од силен надворешен сектор и директни инвестиции, економско закрепнување и во одреден степен намалување на надворешните нерамнотежи.

- Во делот на економската политика Владата и понатаму останува посветена на политиките за раст и подобрување на вработувањето, фокусирајќи се на странските инвестиции, но и развојот на домашниот приватен сектор, подвлече Коџабашиев.

За опозициската пратеничка Роза Топузова - Каровска Извештајот е за сериозно замислување од сите политички чинители во Македонија, но најмногу од Владата.

- Владата треба детално да го прочита и сериозно да ги свати сите забелешки со цел да почне да ги исполнува во целост критериумите, кои се многу битни за евроатланските интеграции. И досега имаше одредени забелешки во извештаите, но овој пат многу јасно и конкретно е наведено што треба да се смени во Република Македонија ако сакаме да напредуваме кон ЕУ. И не само за Унијата, пред се за нашата земја. Македонија мора да ги има стандардите што владеат во Европа со цел граѓаните да живеат подобро отколку сега, рече Топузова - Каровска.

Таа се задржа на забелешките во правосудниот систем, јавната администрација, корупцијата,... Според неа, Европската Комисија единствено го пофалила пазарот на електрична енергија и неговата либерализација.

Лилјана Затуроска од ВМРО - ДПМНЕ смета дека е сосема нормално во Извештајот да се пишува за она што се прави во сите области, сите проекти, активности, реформи да се нотирани и врз основа на тоа Европската комисија да го даде своето видување за тоа колку Македонија направила исчекор во одредни поглавја, односно области. Од Комисијата, како што рече, не бараат да ни се прогледува низ прсти, да нотира нешто што не сме го направиле, или да прикрие нешто на што не сме посветиле доволно внимание, а притоа да каже дека е направено, како што тврделе одредени субјекти во земјава.

- Бараме од ЕК детално, реално, базирано врз реални анализи и факти добиени од терен да го преточи во Извештај и бараме ист третман со секоја една членка претендент да стане дел од европското семејство. Неприфатливо е и крајно несериозно кога одредени личности и субјекти во нашата земја сакаат Европската комисија да ја претстават како невладина организација која дели милостина и организира хуманитарни активности, притоа девалвирајќи ги нивните напори преточени во Извештај за напредокот на Република Македонија, истакна Затуроска.

Пратениците ќе продолжат со расправата по Извештајот на ЕК за напредокот на Република Македонија по редовната едночасовна пауза.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...