СДСМ: Прво опомени, а потоа казни

Скопје, 21 октомври 2014 (МИА) - СДСМ денеска обвини дека граѓаните следната година ќе плаќаат повисоки казни затоа што во Буџетот за 2015 година што беше усвоен на вчерашната собраниска седница е предвидено да се соберат 300 милиони евра по основ на такси и глоби.

Васко Ковачески, член на партиската Комисија за економија, изјави дека се работи за 40 милиони евра повеќе од лани што треба да влезат во Буџетот по основ на казни. 

Тој посочи дека мајсторите и занаетчиите ќе бидат казнети со 1.500 евра ако еднаш бидат фатени дека работат без лиценца, а ако по втор пат бидат фатени ќе треба да платат казна од 6 до 9 илјади евра.

Според Ковачески, двојно се зголемени и казните во сообраќајот, а казни ќе плаќаат и лекарите кои ќе одбијат обука во странство. 

СДСМ бара граѓаните прво да добијат опомена за сторениот прекршок, а да бидат казнети при повторувањето на прекршокот, износот на казни да се намали за најмалку 50 проценти и да има скалест пристап во казнената политика според приходите на граѓаните и на фирмите.

- Принципот „прво опомена” да важи и за присилна наплата на долгот, со што ќе се зачува финансиската дисциплина, но и ќе се избегне блокирањето на сметките на даночните обврзници, рече Ковачески.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...