Фестивал за електронска музика и медиумска уметност де:сонанц

Скопје, 22 октомври 2014 (МИА) - Шестото издание на Фестивалот за електронска музика и медиумска уметност де:сонанц, почнува вечер во 20 часот, во Кинотека на Македонија со прикажување на најдобрите музички видеа од Германија за 2014 година.

Покрај видеата, публиката ќе има можност да проследи селекција од 13 популарни, експериментални, политички и субверзивни, но пред сè забавни видеа од изминатите 15 години, кои се издвојуваат наспроти едноличноста на стандардните музички видеа направени за телевизиски потреби.

Музичката програма на фестивалот, исто така, ќе започне вечерва на полноќ во клубот Капан Ан со програмата „BTKRSH Night“, која се реализира во соработка со колективот BTKRSH (БИТКРЕШ), еден од најактивните и најиновативните електронски музички колективи во земјава. Со свој сет ќе се претстави германскиот артист Opium Hum (Опиум Хам), следат Ancient Methods (Еншнт Методс), Марчин и Андреас Херц од BTKRSH и виџејското дуо од Скопје Lazy Kidz Visualz (Лејзи Кидс Вижуалс) кое ќе се погрижи за визуелниот израз на настапите.

На 23 октомври во Отвореното графичко студио при Музејот на град Скопје сите фанови на Берлинската музичка сцена ќе имаат единствена можност да ја проследат панел-дискусијата во која учество ќе земе еден од нејзините најактивни и најпрогресивни членови Михаил Штангл алијас Опиум Хам. Тој е иницијатор на резидент вечерите во Berghain – “N≠E” (“Not Equal”), ко-организатор на забавите Leisure System (Лежр систем), еден од најзаслужните за основањето на Boiler Room Берлин, како и ко-куратор на фестивалот CTM (Клуб Трансмедиале). Тој ќе ги сподели своите искуства со локалните артисти, колективи и фанови и ќе се осврне на електронската музика што потекнува од Берлинската сцена.

Главната и последна фестивалска вечер ќе се одржи на 25 октомври во клубот Станица 26, каде покрај настапите на локалните артисти Томи Бојаџи и Ултериор посетителите ќе имаат можност да го проследат концертот на еден од најактуелните и најпопуларни бендови од Германија, триото “Бранд Брауер Фрик“ кое ја фасцинира публиката во светот со уникатниот звук добиен со симбиоза на класични инструменти и електроника.  

Влезот во Кинотека на Македонија и Отворено графичко студио е слободен. Билетите за “Капан Ан“ чинат 300 денари, а за “Станица 26“ 200 денари и може да се набават пред почетокот на најавената програма на самиот влез во клубовите.

Фестивалот го организираат Гете-институт Канцеларија за врски, Скопје и НВО Домино, а новина е приклучувањето на колективот BTKRSH кон фестивалскиот тим.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...