Дебата за стресот на работното место

Скопје, 22 октомври 2014 (МИА) - Македонското здружение за заштита при работа денеска со дебата за стресот на работното место како централен настан ќе ја одбележи Европската недела за безбедност и здравје при работа.

Истражувањата во Македонија покажуваат дека над 44 проценти од македонските работници сметаат оти во следните пет години многу ќе се зголеми стресот при работа.

Стресот на работното место е појава која е се поприсутна во Европа. Според направените анализи, 51 процент од работниците во Европа сметаат дека стресот поврзан со работата е вообичаен на нивното работно место, а 4 од 10 работници мислат дека во нивната компанија не се справуваат успешно со оваа појава. Проценките се дека трошоците поврзани со пореметувањето на менталното здравје на работниците изнесуваат 240 милијарди евра годишно.

На настанот ќе присуствуваат претставници од Македонското здружение за заштита при работа, како и експерти од Холандија, Австрија, Норвешка и Бугарија. 

Европската недела за безбедност и здравје при работа е настан на Европската агенција за безбедност и здравје при работа и се одбележува во сите земји членки и државите кандидати на Европската унија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...