Повик за бесплатна стерилизација на бездомни кучиња

Апел до сите вие кои се грижите за бездомно куче кое не е стерилизирано!

Здружението за заштита на животни Анима Мунди објави повик до сите граѓани за бесплатна стерилизација на маалските бездомни кучиња.



Оваа акција е организирана во партнерство со ЕНПА, најстарата организација за заштита на животни во Италија, која заедно со нашето здружение, обезбедија помош за стерилизација на 200 бездомни кучиња во Скопје.

Покрај бесплатната стерилизација, ќе биде овозможено и постоперативно сместување од 24 часа.

Сите граѓани кои сакаат да ги стерилизираат маалските кучиња може да го контактираат здружението преку e-mail: anima.mundi.sk.mk@gmail.com и да резервираат термин.

200 кучиња е првичната бројка за кои ЕНПА овозможува бесплатна стерилизација, а од Анима Мунди веруваат дека ваквата акција ќе продолжи и по завршувањето на овој проект.

- Целта на проектот е хуман третман на бездомните животни за кои се грижиме ние љубителите на животни, како и практикување на граѓанска одговорност зошто со само еден чекор, стерилизација на едно кутре, го затвараме кругот на раѓањето на илјадници нови бездомни животни на улиците и нивното страдање и усмртување; правиме хумано дело кое е во интерес и на животните и на нашата заедница. Стерилизираните кутриња имаат смирен хормонален статус и не се здружуваат во глутници, нема мајки кои ги бранат своите младенчиња, се намалува бројката на луѓе на кои им пречат животните.. Стерилизацијата е полезна за здравјето на животните и превенира бројни смртоносни заболувања (канцер на матка и млечни жлезди) така што стерилизираните кутриња живеат поздраво и подолго, се вели во повикот на Анима Мунди.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...