Стремежот на македонскиот народ отсекогаш бил мирот

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, по повод празникот 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, упатува искрени честитки до сите припадници на Армијата на Република Македонија и сите граѓани на Република Македонија.

– Денес е денот кога пред повеќе од еден век преку создавањето на македонската револуционерна организација се потврди и идеалот за создавање на независна и засебна Македонија. Стремежот на македонскиот народ и на сите граѓани на Македонија отсекогаш биле мирот, демократијата, слободата и еднаквоста. Тие се нераскинлив дел од нашата свест и нашето постоење. Изразувајќи благодарност до сите оние кои се бореле за овие идеали, министерот Јолевски, ја истакнува определбата Македонија да биде уште понапредна, уште поразвиена и уште побезбедна. Во тој дух, припадниците на Армијата на Република Македонија, се цврсто определени, со сето свое знаење и умеење да го бранат територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија и цивилизациските вредности врз кои е изградена нашата татковина. Македонските мировници придонесуваат слободата, мирот и демократијата да бидат столб и на општествата каде се распределени во мировни мисии, истакнува министерот Јолевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...