Семејството на Дениса Маркоска бара реобдукција во Македонија

Скопје, 24 октомври 2014 (МИА) - Директорот на Институтот за судска медицина Алексеј Дума денеска изјави дека семејството на 23-годишната Дениса Маркоска побарало повторна обдукција во Македонија по добиените ДНК анализи од Грција со кои се потврдува дека телото што беше најдено кај грчкиот остров Карпатос е на 23-годишната прилепчанка.

Таткото на Дениса, Киро Марковски, во изјава за некои медиуми потврди дека вчера добиле телеграма со резултатите од анализата направена во Грција, но не и официјален документ за смртта на нивната ќерка. Најблиските се сомневаат во истрагата на грчките органи и најавија дека ќе бараат нова обдукција во Македонија.

Според Дума, законот дозволува близок роднина на покојниот да побара приватна обдукција, но сепак мора јавниот обвинител да даде согласност. - Без дозвола на овластена институција не можеме да седнеме и да испитуваме тело, изјави Дума по денешната меѓународна конференција за криминалистичко лобразование на Факултетот за безбедност во Скопје.

Вели дека немаат никакви податоци што се се случувало во Грција, и како институција не биле инволвирани во целата постапка. Првата комуникација со некој од роднините на Дениса ја имале синоќа кога била побарана реобдукција.

- Ние сме подготвени веднаш да почнеме да ја работиме доколку сето тоа оди преку овластените институции во државата, а јас мислам дека тоа е јавниот обвинител кој треба да одлучи за натамошниот тек за продолжување во однос на дејствијата за констатирање на смртта. Тоа е пракса во светот, да се врши реобдукција, дури во документите на Интерпол за упатствата за идентификација наведуваат дека е можно земјите, каде што настанала несреќата и од каде што потекнуваат унесреќените, да се договорат за заедничко водење на предистражните или истражните дејствија. Дали тоа било тука организирано или не, навистина не знам. Ние до сношти бевме надвор од сите можни службени комуникации, рече Дума.  



Реобдукцијата, како што посочи, секогаш е потешка од првичната обдукција затоа што дел од органите веќе се поместени и обработувани форензички.

На новинарско прашање зошто обдукцијата во Грција траела толку долго, Дума вели дека не му е познато, но смета оти неговите грчки колеги се добри професионалци и си ја вршат работа професионално и стручно.

- Дали е проблемот во однос на организацијата или се административни пречки не можам да ви кажам затоа што немам информација. Знаеме кога ќе почне обдукцијата, кога ќе се договориме, а ќе заврши тогаш кога ќе сметаме дека можеме да извлечеме податоци. Во секој случај ќе трае во континуитет. Главно обдукцијата таре неколку часа. Тешко е да ја поврзуваме со денови. Кај нас телата не остануваат подолго од 24 часа, изјави директорот на Институтот за судска медицина.

Дениса Маркоска исчезна  ноќта меѓу 12 и 13 септември од  бродот  „Серенисима“ каде работеше. Потрагата по неа  траеше неколку недели, а на почетокот на октомври во близина на остовот Карпатос беше пронајдено мртво тело на девојка.  Причините за смртта засега остануваат мистерија.

По добиените информации за извршените ДНК анализи, се очекува во наредните денови телото да биде транспортирано од Атина во Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...