Димовски-Симоновиќ: Тероризмот се поактуелен на Балканот

Скопје, 24 октомври 2014 (МИА) - Немам дилема дека без исцрпна научна опсервација и истражување на криминалистиката, на сите нејзини сегменти, може да се претендира на ефикасни и успешни практични резултати во работата на правосудните и другите институции во чиј што опсег на работа влегува токму спроведувањето на законите, односно превенирањето и репресирањето на разните денеска прилично софистицирани видови криминал.

Ова денеска го нагласи министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на денешната меѓународната конференција „Криминалистичкото образование, состојби и перспективи - 20 години по Водинелиќ“, што се одржа на Факултетот за безбедност во Скопје. 

- Спрегата на науката и праксата е незаменлива и неопходна. Оттаму јасно е зошто македонската полиција го избра токму националниот разузнавачки модел, како концепт врз кој ги втемелува своите конкретни секојдневни активности. Се работи за современ пристап во полициското работење воден од разузнавањето на криминалот што денес во глобални рамки претставува врвен интелектуален императив за сите полиции во светот, преку кој се дава прецизна структура, темелна анализа и структурно познавање на криминално релевантните фактори, феномени и социјални консеквенци кои се последица од активностите на транснационалните организирани криминални групи, рече Јанкулоска.

Убедена сум, истакна таа, дека ваквите собири не само што се корисни, туку се и неопходни во натамошниот развој и напредок на криминалистиката како во делот на профилирање нови теоретски согледувања, така и во делот на практичната нејзина примена.

За Бранислав Симоновиќ од Правниот факултет во Крагуевац, криминалот не познава граници, многу е поврзан и агресивен и сите кои се занимаваат со истражување на криминалот и развивање на методите за да му се спротивставиме мора да соработуваат и да учат, тогаш криминалот или организираниот криминал ќе ги уништи нашите животи и семејства.

- Важно е да се развива полициската соработка. Голем проблем е тоа што во последно време организираниот криминал своите пари се обидува да ги инвестира во легални пазарни работи. Треба да бидеме остри во таа борба, да применуваме современи методи, да бидеме ефикасни, но да ги почитуваме чоековите права, изјави Симоновиќ. 

Според него, тероризмот на Балканот станува се поактуелен имајќи предвид тоа што извесен број луѓе од овие територии одат во муслиманските држави, војнички се обучуваат и ја присвојуваат таа филозофија и кога се враќаат овде ќе бидат голем проблем за овие држави.

- Важно е нашите безбедносни агенции да имаат списоци на тие луѓе, да се опсервираат да се влијае на младите кои се потенцијални жртви за врбување да одат таму  и да разберат дека со тоа го уништуваат својот живот и оти тоа не е идеја која треба да се шири и да се гине. Но, тоа не може само полицијата, тоа треба да вклучи и политиката, и школството, и семејството и медиумите, во спротивно, ние на Балканот ќе бидеме посебно загрозени, но и Европа, појасни професорот Симоновиќ, додавајќи оти најлошто е кога младите гинат за погрешни идеали.

Ако го следиме континуитетот на тероризмот, можеме да повлечеме линија за тоа дека ние многу одамна се соочуваме со тероризам, смета професорот Злате Димовски од Факултетот за безбедност во Скопје.

-  Мислевме дека тероризмот е нешто што било и поминало и нема да се врати кај нас, се до 1995 година кога беше атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров, потоа она што се случуваше 2001 година, за жал не сме го квалификувале се уште дали беше тероризам или нешто сосема друго за што можеме и добро би било да дискутираме на таква тема и она што денес се случува имаме сознанија, а тие ги добиваме од странските разузнавачки служби  дека имаме граѓани на Република Македонијакои учествуваат на странските боишта, изјави Димовски.

Како прв чекор што се направи, подвлече, е да се инкриминира нивното присуство таму, но мислам, истакна, тоа не е доволно. Треба да се преземаат дополнителни мерки, потенцира Димовски, во смисла на идентификување на тие лица и во оние моменти кога ќе имаме некакви сознанија, рече, да делуваме во таа насока. 

- Не би се согласил со тоа дека некои чисто случајно се присутни на тие боишта, затоа што никој не може да отиде таму и да биде примен. Процедурата за прием во една криминална организација, а не пак во терористичка каде што навистина е и пообемна и посторога, каде што мора да поминат одредени тестови и тренинзи, не е така лесно како што ние замислуваме, без претходно да има некоја база на лица кои што ќе упатуваат и ќе им даваат насока каде да се движат. Во тој правец треба да делуваме, да откриваме од каде се протежира таа активност, како и од каде се подготвуваат тие лица, а и самите терористички организации се плашат од уфрлување на разузнвавчките служби преку нивни обучени агенти, изјави професорот Димовски.

Тој смета дека за да се делува превентивно треба да засили системот на пријавно-одјавна служба во Република Македонија и да имаме увид за тоа каде патуваат македонските државјани.

- Треба да се подигне свеста кај младите, особено за опасностите од самото терористичко делување. Треба да се подготви народот да знае за самата опасност од тероризмот, како и тоа дека сите оние кои учествуваат во боиштата времено се таму, но што се случува кога доаѓаат на наша територија, тоа во иднина би претставувало голема опасност, подвлече Димовски. 

За Мавер Дарко, професор на Универзитетот во Марибор, Словенија, многу е важно да се дискутира на овие теми во насока на успешна борба против криминалот. Криминалот се менува и затоа е потребно да се менуваат начините за истрага и да се има вакви конференции на кои ќе се разменуваат резултати од истражувања и ќе се дискутира за проблемите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...