Одржана првата проба во новата театарска зграда во Велес

Велес, 24 ноември 2014 (МИА) - Во новата зграда на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес  денеска се одржа првата проба за претставата комедијата „Најважната работа на светот“ по текст на Братислав Димитров, во режија на Љубиша Георгиевски.
 
Во претставата игра комплетната актерска екипа на велешкиот театар, а гости во претставата се Благоја Чоревски и Ирена Ристиќ. Костимите ги работи Невена Георгиевска, сценографијата Валентин Светозарев.
 
Јордан Витанов директор на велешкиот театар  на денешната прес- конференција изрази надеж дека оваа прва проба ќе остане долго во сеќавање, а премиерата, информира, се очекува да се случи во декември годинава. 
 
Братислав Димитров автор на текстот изјави дека е среќен што третпат работи во овој театар кој, според него, има навистина гурмански апетит за правење претстави.
 
- Среќен сум што и мојот професор Љубиша Георгиевски го режира овој текст, особено заради неговата навистина свежа, луцидна, радикална концепција, рече Братислав Димитров.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...