Министерот Спасов во посета на малиот групен дом во Кавадарци

Кавадарци, 24 октомври 2014 (МИА) - Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска го посети малиот групен дом во Кавадарци во кој се згрижени 6 дечиња од повеќе општини, кој, како што рече, претставува прекрасен пример за вонинституционална заштита на деца кои се наоѓаат во социјален ризик.

Малиот групен дом, кој функционира од април 2013 година, нагласи Спасов, функционира одлично.

- Нашата интенција е со различни активности да го намалуваме бројот на дечиња кои се згрижени во институции а да се зголемува бројот на згрижувачки семејства и институции како домот кои се најблиску до биолошките семејства, изјави министерот Спасов.

Спасов посочи дека денеска преку проектот „подари книга" кој го спроведува Министерството, во соработка со локалните самоуправи, детските градинки и училиштата, беа донесени книги за децата од домот .

 -Тоа е еден хуман проект преку кој им овозможуваме на сите граѓани кои сакаат да донираат книги за децата без родители, тие во згрижувачките семејства и во институциите кои згрижуваат деца без родители и родителска грижа. Книгите можат да ги пратат бесплатно преку пошта а ние ќе се погрижиме донацијата да стигне на вистинското место, нагласи министерот. 

За неполни два месеци собрани се околу 1.300 книги кои се донирани од граѓани и оваа активност ќе продолжи исто како и донирањето од акцијата „Се грижиме за топол дом". Спасов ги повика сите оние кои можат да донираат за посиромашните, да го сторат тоа. 

Министерот Спасов изрази задоволство што децата од домот ќе започнат бесплатно да спортуваат како резултат на договорите за соработка со фудбалската, кошаркарската и карате федерацијата. Со тоа децата од социјално ризичните категории ќе можат бесплатно да спортуваат. 

- Преку овој проект се надеваме дека ќе произлезе и некој спортски талент, иден репрезентативец. Сите овие проекти може навидум изгледаат мали и за некого можеби и незначајни, меѓутоа јас силно верувам дека се значајни пред се за подигнување на хуманата свест кај граѓаните. Имаме голем број на граѓани кои сакаат да донираат и да помогнат. Со ова им овозможуваме полесно да ја реализираат донацијата. И понатаму ќе продолжиме во иста насока во соработка со институции, невладини организации, различни субјекти, додаде Спасов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...