Изминатите два дена 317 граѓани се јавиле на Ало Докторе!

Во изминатите два дена на телефонската линија Ало докторе! имало вкупно 317 јавувања од граѓани од сите градови на Македонија.

Како што соопшти денеска Здравствениот дом од Скопје, на телефонската линија 15 123, седумнаесет доктори специјалисти се достапни за граѓаните 24 часа за соодветна здравствена услуга преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија.

На сите граѓани поради здравствената состојба за која ја побарале линијата Ало докторе! од страна на дежурните служби им е даден медицински совет, а доколку било потребно и симптоматска терапија. На три лица за здравствената состојба поради која се јавиле им е укажано да ја побараат службата за итна медицинска помош.

Во најголем број јавувањата од страна на граѓаните биле за здравствени проблеми во врска со стомачни тегоби, висока телесна температура, и покачен крвен притисок пропратен со главоболки.

Во кол центарот на Ало Докторе! секој ден од 18 до 22 часот дежураат директорите на јавните здравствени установи. Денеска дежурен лекар е директорот на Клиниката за ортопедски болести Златко Темелковски. Утре дежурен лекар ќе биде Ненад Јоксимовиќ од Клиниката за гастроентерохепатологија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...