Македонскиот мед еден од најдобрите во светот

Македонскиот мед во саќе го освои второто место на дегустацијата што ја организира саемот за традиционална храна „Салон дел густо“. Жирито составено од пчелари – учесници на саемот оцени дека е еден од најдобрите.

- Конкуренцијата беше огромна, бевме 55-ти од вкупно пријавените преку 100 учесници од целиот свет. Влеговме во петте најдобри и успеавме да го добиеме второто место, изјави производителот Игор Илков, претседател на здружението „Македонска пчела“.

Медот е полифлорен, ги содржи сите цветови што ги има во Гевгелиско каде е произведен. Но, во однос на цените, е некаде на дното.

- Со квалитет сме меѓу првите, на врвот, но според цената, последни. Луѓето кај нас едноставно не можат да си дозволат повисока цена. Во ЕУ тегла мед е 10, 15, 20 евра, а кај нас 300 - 400 денари. Лани беше 250 денари, а годинава поскапе поради екстремно лошите услови кои ја намалија продукцијата, рече Илков и додаде дека до крајот на годинава мед нема да има што ќе биде причлина повеќе на пазарот да се пласира фалсификуван мед.

Неговата порака е потрошувачите да купуваат кристализиран мед, од пчелари кои ги познаваат, а производителите да не се фокусираат само на мед, туку и на млеч, восок и прополис.

Македонските пчелари не отстапуваат од интенцијата да ја заштитат автохтоната пчела, но се борат и за заштита на биодиверзитетот.

- Затоа сме тука, на саемот “Салон дел густо”. Голема е предноста од членството во Слоу фуд кое ни овозможува средби со колеги од целиот свет и запознавање различни традиции на пчеларење, многу поразлични од нашите, истакна Илков.

На “Слоу фуд” е поставен т.н. Бар на медот каде може да се дегустира мед од Африка, Танзанија, Океанија, Јапонија,…, мед од сончоглед, портокал, еукалиптус, па дури и од кафе. Најскап е специфичниот мед од Јемен, 60 евра за 45 грама, кој се продава со уверување дека ја прочистува душата. Поради тоа, велат производителите, некои купувачи не жалат за тегла да дадат и 200 до 400 евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...