Се утврдува од какво оружје е пукано на Владата

и кои се сторителите

Скопје, 29 октомври 2014 (МИА) - Полицијата ги утврдува типот на оружјето од кое синоќа беа испукани два куршума во зградата на Владата, правецот од каде дошле, мотивите и евентуалните сторители, изјави денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска по отворањето на Центар за превенција во скопската населба Маџари.

На новинарско прашање дали кога се испукани проектилите се одржувала владина седница, министерката Јанкулоска нагласи дека во однос на активностите во зградата на Владата таа не може и не смее да даде информации, а за тие прашања ги упати новинарите да се обратат на соодветната адреса.

- Самиот процес на увидот понекогаш трае прилично долго и во конкретниот случај со оглед на сериозноста со која е пристапено во функција на пронаоѓање на сите можни траги и евентуални докази увидот траеше повеќе часа. Во моментот го имаме остатокот од проектилот што дава информација за неговиот калибар, а оружјето од кое е испукан таков проектил може да биде различно оружје, но ние треба да утврдиме точно од каков тип оружје е испукан овој проектил, изјави Јанкулоска.

Министерката за внатрешни работи е децидна дека степенот на обезбедување на објектите од витално значење секогаш е на потребното ниво.

Два проектилa, како што претходно за МИА потврдија од МВР, синоќа се испукани на зградата на Владата на република Македонија во Скопје. Едниот завршил во покривот, а другиот во страничната фасада. Извршен р увид и проектилите се предадени на вештачење.

Инаку, во полицијата синоќа околу  22 часот е пријавено дека во близина на зградата на Владата се слушнале две детонации. По неколку часа на фасадата и на покривот на зградата во која е сместена Владата се пронајдени два проектила.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...