Концерт на Филхармонијата со вилонистот Владимир Костов

Скопје, 30 октомври 2014 (МИА) - Македонската филхармонија вечер ќе одржи концерт насловен „Минимализам и месечина“, на кој ќе настапи афирмираниот виолинист Владимир Костов под диригентство на Урош Лајовиц од Словенија.

Првпат во Македонија ќе биде изведен првиот Концерт за виолина и оркестар од американскиот композитор Филип Глас, еден од најголемите претставници на музичкиот минимализам и најизведуваниот жив композитор. Концертот за виолина го напишал во 1987 година и го посветил на својот татко и за кусо време тој станал едно од неговите најпопуларни дела за оркестар. 

- Македонската филхармонија под палката на маестро Лајовиц, кој се смета за еден од најдобрите диригенти на просторите на поранешна Југославија, со високо реноме и во Европа, ќе изведе уште три ремек-дела: милозвучното и патетично Адаџо за гудачи од американскиот композитор Семјуел Барбер, или неговото најпопуларно дело кое „звучи“ и во многу познати филмски остварувања, како и двете извонредни музички поеми на францускиот композитор Клод Дебиси - „Попладнето на еден фаун“ и „Море“, дела кои се симбол на музичкиот импресионизам, информира Филхармонијата. 

Концертот ќе се одржи во објектот на Македонскиот народен театар од 20 часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...