Донација од 15.000 долари за кампањата за борба против ракот на дојка на „Борка“

Скопје, 30 октомври 2014 (МИА) - Петнаесет илјади долари се донирани во кампањата за борба против ракот на дојка на Здружението „Борка – за секој нов ден“. Со донацијата ќе се реализираат нови едукации на жените за самопреглед и тоа во општините Охрид, Свети Николе, Велес и Струмица, каде е евидентирана највисока стапка на смртност од тој карцином со цел да се едуцираат младите за навремено откривање и превенција на ракот на дојка.

Средствата се наменети за одржување на постоечкиот СОС број 0800 55 777, како и за отворање нова мобилна СОС линија 075 22 88 99, која е достапна седум дена во неделата од 9 до 21 часот. Станува збор за донација од козметичката компанија Авон Македонија.

На СОС линијата се нудат информации за закажување прегледи, административни процедури, процедури за операции, справување со хемотерапија и радиотерапија, како и совети за исхрана, пост-третман и психолошко советување и поддршка. На единствената бесплатна СОС линија која компанијата ја отвори во 2006 година во партнерство со здружението „Борка“ досега се јавиле повеќе од 12.000 лица, а бројот на повици од ден на ден сè повеќе се зголемува.

Од компанијата посочуваат дека кампањата за борба против ракот на дојка во Македонија почнала пред 8 години и оттогаш речиси секоја година спроведуваат повеќе активности и донации за помош и поддршка на заболените.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...