Кривична пријава за скопјанец кој одгледувал канабис

Скопје, 30 октомври 2014 (МИА) - СВР Скопје во рамки на полициската акција „Мрежа“ насочена против трговијата со дрога, до надлежното Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против лицето А.Ѓ. (28) од Скопје осомничен за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Пријавениот во текот на годинава  неовластено набавил семе од растението „Cannabis“ и го засадил во својот двор на отворено, а еден дел во пластеници лоцирани во нивата зад неговата семејна куќата. Стеблата ги одгледувал во пластениците помеѓу растенија од пченка и ги наводнувал преку систем капка по капка. Растенијата кои ги одгледувал на отворено ги покривал со сува пченка со цел да не се гледаат од далеку.

Откако растенијата канабис созреале и оформиле цветови, соопшти денеска МВР, А.Ѓ. ги кастрел цветовите и дел од гранките, ги сушел, и подготвената опојна дрога марихуана ја продавал на уживатели на оваа дрога.

По претходно добиени оперативни сознанија, со претходно обезбедена наредба издадена од судија на претходна постапка, вчера е извршен претрес во домот на пријавениот. Притоа, во нивата зад куќата, како и во гулабарник и во бокс за чување куче пронајдени се 33 стебла канабис со висина од едно до два метри, речиси 450 грама марихуна, како и четири пластични гајби со исушени гранки и цветови од „канабис сатива“. Октириени и пронајдени се и вкупно 110 куршуми, од кои 52 се пиштолска муниција кал 7,62х 25 мм, а 50 се пиштолска муниција кал 7,65 мм. Покрај ова при претресот во домот на А.Ѓ. во подрумска просторија во буре со пченица пронајдена е стаклена тегла во која што во црна кеса се пронајдени 6.450 евра и 360.500 денари во различни апоени.  А.Ѓ. вчера беше лишен од слобода во Полициската станица во Гази Баба каде во службените простории е извршен разговор со него. Тој не дал било какво појаснување за начинот на сторување на кривичното дело.

Инаку, досега во рамки на акцијата „Мрежа“ приведени и кривично пријавени се околу 130 лица, а запленети се приближно 515 килограми разни видови дроги.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...