Дисперзираните студии не создаваат неквалитет во високото образование

Скопје, 30 октомври 2014 (МИА) - Не се согласувам дека некогаш сме се изјасниле дека во високото образование има шкарт дипломи, туку укажавме на фактот дека е потребно надградување на системот на високо образование, особено во делот на квалитетот во реализацијата на високото образование. Не сметаме дека дисперзираните студии го намалуваат квалитетот во високото образование и затоа не планираме да ги укинеме.

Ова е одговорот на заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски на пратеничкото прашање на пратеничката Солза Грчева дали Владата планира да ги укине дисперзираните студии како една од причините за намалениот квалитет во високото образование.

- Не би се согласил со констатацијата дека во последните денови излегла информација дека имаме шкарт дипломи во високото образование. Ние јасно укажавме на фактот дека по неколку години имплементација на голем број реформи во делот на високото образование констатирани се потреби од негово надградување, особено во делот на квалитетот во реализацијата на високото образование и секако издавањето  дипломи или завршувањето студии не само од прв, туку втор па и трет циклус, рече Ристовски.

Во Република Македонија во последните неколку години, додаде тој, се појавуваат субјекти кои што успеваат да ги обезбедат сите потребни инфраструктурни услови за да реализираат високо образовна настава коишто се пропишани согласно Законот за високо образование.

- Меѓутоа, ако одиме едно скалило погоре треба да констатираме дека по неколку години имплементација се појавува потреба од дополнително вклучување односно дополнително реформирање на целиот процес и ние понудивме една опција, а тоа беше воспоставување на тн. државен испит којшто многу невешто се обидоа дел од вашите сопартијци да го прикажат како воспоставување систем на екстерно тестирање во високото образование. Не, тоа не е воопшто екстерно тестирање во високото образование. Станува збор за предлог со којшто ние понудивме државен испит по примерот на дел од земјите во централна Европа. Се одлучивме за еден од моделите кој е во фаза на јавно понудена идеја и расправа која што потоа ќе следи во предлог на закон којшто сите заеднички треба да го анализираме, појасни министерот за образование и наука.

Одлуката за една ваква реформа, според него, е резултат на искреноста и чесноста во намерата дека треба да се соочиме со реалноста, а тоа е, како што рече, дека кај дел од високообразовните установи во Македонија евидентно е дека на многу полесен начин дел од студентите доаѓаат до завршување на првиот циклус или додипломските студии, но и ситуации каде што за втор и трет циклус студии определени студенти преку ноќ добиваат диплома или соодветно звање.

- Токму тоа беше основната интенција заради која што ние јавно ја отворивме оваа дискусија и како ресорно Министерство и како Влада и кон која што тежнееме и не отстапуваме, рече Ристовски.

Според него, дисперзираните студии не се тие кои произведуваат неквалитет.

- Основната идеја на дисперзираните студии беше да се доближат восокообразовните установи од државните универзитети до граѓаните на РМ во нивните места на живеење со тоа што би се намалиле трошоците и за живот и за нивно престојување во главниот град, потенцира Ристовски.

Владата и Министерството, додаде, не размислуваат да ја укинат можноста за дисперзирани студии од причина што ние секоја година има квалитативна анализа на процесот и се утврдува дали во определен град или определени дисперзирани студии треба да се стават во мирување, треба да продолжат и дали треба да се зголеми бројот како квота за упис.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...