Панел дискусија „Здрав сон, за здрав живот“

Скопје, 31 октомври 2014 (МИА) -  Панел - дискусија на тема „Здрав сон, за здрав живот“ посветена на состојбата, дијагностиката и третманот на опструктивната ноќна апнеа (пореметување на дишењето во текот на спиење) ќе се одржи денеска во организација на Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија и Македонското здружение за ноќна апнеа. 

Опструктивната ноќна апнеа е најчестиот облик на пореметување на дишењето во текот на спиењето, од која страдаат повеќе од 4 проценти од возрасната популација или околу 100 милиони луѓе во светот. Иако успешно може да се лекува, дури 80 проценти од заболените не бараат лекарска помош. Ако навремено не се лекува, опструктивната ноќна апнеа ги зголемува ризиците од појавата на сериозни заболувања и го скратува животниот век. Недостатокот на квалитетен сон заради ова пореметување доведува до намалена концентрација и будност, а може да биде причина за тешки повреди на работното место и сообраќајни несреќи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...