Почнува 8. издание на „Скупи фестивал“

Скопје, 31 октомври 2014 (МИА) - Со претставата „Сите птици се веќе таму“ на германскиот режисер Еберхард Колер денеска ќе биде отворен 8. Меѓународен театарски фестивал „Скупи фестивал“.

Претставата е копродукција на Шлахтхаус Театарот од Швајцарија и Театр Поколениј од Русија. Дејството се случува во 1915 година кога се одржува тајната конференција на меѓународните и руските револуционери позната како средба на орнитолози. Претставата има естетика на руски нем филм од 20-тите години, а дејството се развива од реалистична акција кон секвенци на сон во кои учесниците се претопени во светот на руските бајки.

За време на седумте фестивалски денови ќе бидат изведени осум изведби на седум претстави кои ќе се одиграат на сцените на Младинскиот културен центар и Театар Комедија. 

Годинашното издание се одржува под мотото „Даски и маски“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...