Премиера на балетот „Дамата со камелии“

Скопје, 31 октомври 2014 (МИА) - Македонскиот Балет вечер премиерно ќе ја изведе балетската претстава во два чина „Дамата со камелии“ на музика од Џузепе Верди во кореографија на Василиј Медведев од Русија. Главните улоги (Маргарита и Арман) ќе ги играат првенците на МОБ Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили. Ќе настапи балетскиот ансамбл и Оркестарот на МОБ под водство на диригентот од Србија Ѓорѓе Павловиќ.

Либретото е на Јана Темиз (писателка на детективски романи која живее во Турција), а се базира на познатото дело на Александар Дима (синот). Музиката е позната од најпопуларната опера на Верди - „Травијата“. Сценограф, костимограф и автор на дизајнот на светло е Павол Јураш од Словачка.

Ова е прва соработка на МОБ со кореографот Медведев, кој е и првпат во Македонија. На прес-конференција тој рече дека претставата првпат ја режирал во 1996 во Санкт Петербург. Со нова верзија гостувал и во Сараево, а за Скопје е направена најнова верзија различна од претходните. Негов асистент е Станислав Фечо, кој го играл Арман во првата постановка пред 18 години.

Уметничкиот директор на Балетот Горан Божинов нагласи дека резултатите ќе бидат очигледни зашто екипата работела напорно и затоа што Медведев е еден од петте водечки кореографи во светот. Првиот контакт со него, како што рече, бил преку Сараево, каде веќе ја поставил „Дамата со камелии“ (во Сараево гостувал и веднаш по војната со претставата „Ѓаволесто девојче“), а вториот контакт бил преку сопственикот на „Гришко“, кој отвори фабрика за балетска опрема во Македонија.

Мијалкова и Чичијашвили ќе настапат на премиерата и на првата реприза на 4 ноември. На втората и третата реприза Маргарита ќе ја играат Марија Кичевска-Шокаровска (7 ноември) и Мими Поп Алексова-Атанасовска (28 ноември), а во улога на Арман ќе биде Бобан Ковачевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...