Пратеникот Владимир Ѓорчев на Парламентарен семинар во Мадрид

Скопје, 31 октомври 2014 (МИА) - Владимир Ѓорчев, пратеник и претседател на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, учествува на Парламентарен семинар на тема „Улогата на националните парламенти во имплементацијата на пресудите на Европскиот суд за човекови права", што денеска во организација на Парламентарното собрание на Советот на Европа се одржува денеска во Мадрид, Кралството Шпанија.

Главната цел на овој семинар, како што соопшти собраниската прес-служба, е да се поддржат членовите на националните парламенти во подобрување на нивното знаење на Европската конвенција за човекови права и да се спроведе ефикасно имплементирање на пресудите на Европскиот суд за човекови права, како и да се разгледа ефикасноста на постојните парламентарни структури и механизми за проверка на стандардите на Конвенцијата.

ПС на СЕ во 2011 година донесе Резолуција за „Националните парламенти: гаранти на човековите права во Европа", во која е укажано дека во однос на спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права, Парламентарното собрание на Советот на Европа посочува на позитивните примери во неколку земји-членки, особено во Обединетото Кралство, Холандија, Германија, Финска и Романија, кои имаат поставено парламентарни структури за следење на спроведувањето на пресудите на Судот".

На овој семинар, покрај членови на ПС на Советот на Европа, поканети да учествуваат се и парламентарци од: Албанија, Ерменија, Азербејџан, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Франција, Грузија, Унгарија, Латвија, Литванија, Молдавија, Србија, Словачка и Турција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...