Концерт на „Дуо Кировски“ во Софија

Скопје, 31 октомври 2014 (МИА) - Во Музичкиот центар „Борис Христов" во Софија концерт ќе одржи „Дуо Кировски“ - Маја Шутевска-Кировска на пијано и Љубиша Кировски на виолина и виола. 
 
Пред публиката во Софија ќе се претстават со пет пиеси за пијано и виола од балетот „Ромео и Јулија" од Прокофјев, „Сонатата за виолина и пијано" од Корилјано и две дела специјално напишани за нив - Dancing with my shadow 
од Илиевска-Бете и „Вечера немаме" од Бужаровски.

Концертот на „Дуо Кировски“ во Софија го организира Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија со поддршка на македонското Министерство за култура.

Камерното дуо Љубиша Кировски (виолина/ виола) и Маја Шутевска – Кировска (пијано) е оформено во 1993 година, од кога има реализирано бројни настапи во Македонија и на меѓународните концертни подиуми.

Нивниот репертоар опфаќа дела од барокот до музика на 20 век, со над 50 сонати за виолина и пијано. Дуото посебно го негува македонското музичко творештво, редовно изведувајќи дела од македонски композитори, од кои голем број дела им се посветени токму ним. Во 1999 го снимија својот прв компакт-диск во живо од фестивалот „Охридско лето“.

Добитници се на наградата „Виртуози“ во категоријата најдобар камерен ансамбл за 2013 година, кога одбележа 20 години постоење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...