Скопјани ќе почекаат за конкретни мерки против загадувањето

Опозицијата, на чие барање беше изготвена информацијата со краткорочни и догорочни мерки кои би можеле да се реземат во случај на големо аерозагадување, го обвини градоначалникот Коце Трајановски, дека за проблемот со загадувањето треба да се реагира многу порано, а не само во сезоната кога тоа е најалармантно.

Освен прскање на улиците со калциум – магнезиум – ацетат заради контрола и намалување на ситната прашина ПМ10 и ПМ2,5 честичките, засега Градот нема да преземе други мерки во услови на енормна загаденост на воздухот. Сите предлози кои вчера се дискутираа на седница на Совет, дополнително ќе бидат проследени до надлежните институции кои треба да донесат конечна одлука за евентуално нивно спроведување. Во жестока дискусија, вчера се усвои информацијата во која се наведени сите можни мерки кои Градот ќе ги даде на разгледување на Министерството за животна средина и просторно планирање и МВР кои сепак се надлежни за нивна реализација.

Опозицијата, на чие барање беше изготвена информацијата со краткорочни и догорочни мерки кои би можеле да се реземат во случај на големо аерозагадување, го обвини градоначалникот Коце Трајановски, дека за проблемот со загадувањето треба да се реагира многу порано, а не само во сезоната кога тоа е најалармантно.

„И покрај лошото минатогодишно искуство, Градот и годинава ништо сериозно не презема да го заштити здравјето на граѓаните. Една од причините за големата загаденост е дозолениот увоз на стари возила, што еве сега се се забранува и е за пофалба. Се сечат дрва особено во Центар, имаме бетон наместо дрва, Градот не презема мерки за зголемување на зеленилото. Се запре процесот на гасификација на две средни учичишта, а досега требаше сите средни училишта да бидат гасифицирани. Градот мора да промовира обновливи извори на енерија како замена на огненото дрво. Не се воведени заштитни филтри на големите загадувачи. Колку пати сите вие сте учествувале на акцијата Ден на дрвото, каде се ефектите? Сите мерки се прават многу порано а не кога ќе почне грејната сезона. Имаме повеќедецениско заенмарување на неправилната урбаизиција како причина за големото загадување на воздухот. Што правиме со „Скопеј 1014“ виз-а-ви ова?“, истакна Дамјан Манчевски, советник од СДСМ.

Трајановски го отфрли обвинувањето на опозицијата, со образложение дека загадувањето се следи сериозно од оваа институција и тоа во континуитет некоку години наназад. Исто така, интензивно работи на негово намалување. Но, не може да делува надвор од своите ингеренции.

Зелено свето за спроведување на предлжените мерки за справување со загаденоста на воздухот, сепак ќе треба да дадат надлежните министерства, а дотогаш скопјани по којзнае кој пат само ќе се информираат дека можеби зимава ќе се воведе сообраќаен режим пар-непар, или бесплатен јавен превоз доколку 10 дена континуирано концентрацијата на ПМ10 е над 100 микрограми/м3.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...