„Зло Време“ на Раде Силјан промовирана во Бугарија

Скопје, 31 октомври 2014 (МИА) - Поетската книга „Зло време“ од македонскиот поет Раде Силјан вчера беше промовирана во прес-центарот на Бугарската телеграфска агенција - БТА во Софија пред стотина присутни писатели, преведувачи и новинари. Преводот на бугарски јазик е на Владимир Луков, а во издание на издавачката куќа „Богианна“, чиј главен уредник е Бојан Ангелов, актуелен претседател на Сојузот на бугарските писатели, соопшти издавачот „Матица македонска“.

За делото говореше литературната критичарка академик Благовеста Касабова, која констатира дека „Силјан спаѓа во редот на автентичните поети и дека неговите лирски пораки се со универзални вредности“.

На свеченоста по повод промовирањето на поетската книга на македонскиот поет Раде Силјан, Сојузот на слободните уметници на Бугарија му ја додели меѓународната наградата „Амбасадор на пријателството“ за неговиот придонес во развојот на бугарско-македонските куклтурни врски.

На врачувањето на наградата присуствувале заменикот амбасадор на Република Македонија во Република Бугарија, Гоце Георгиевски и директорот на Македонскиот културен центар, Васко Шутаров.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...