МВР Билтен

Скопје, 31 октомври 2014 (МИА) - На 30.10.2014 година во 22.40 часот во Полициската станица - Бит Пазар, Е.И.(30) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 22.30 часот на ул.„Пушкарска“ бил физички нападнат од страна на А.М.(38) од Скопје.

Е.И. пријавил дека од страна на А.М. бил удрен со тупаница во пределот на лицето поради нерасчистени имотно правни односи. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициската станица во Прилеп до Основното јавно обвинителство-Прилеп поднесе кривична пријава против В.С.(46) од Битола и К.М.(41) од Прилеп поради постоење на основано сомнение дека сториле кривични дела „измама“ и “измама при работење со хартии од вредност или удели“. Како што денеска соопшти МВР, првопријавениот како оснивач на правното лице „Електро Техникон„ ДООЕЛ-Битола, со блокирана сметка заради неисплатени обврски кон УЈП за даночен долг и ДДВ во договор со второпријавениот, ја искористил здравствената состојба на лице од Прилеп. Оштетеното лице, под дејство на алкохол го довеле во заблуда, за да потпише договор за пренос на удел и друга пропратна документација за промена на седиште на фирма, управители сл. кај нотар во Прилеп, со што оштетениот станал должник на парични средства за ДДВ и данок од добивка.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.С.(55) од Куманово и В.У.(42) од Скопје, за сторено кривично дело „измама“ и „соизвршителство“. Пријавените со цел да прибават противправна имотна корист во периодот од март до август 2014 година, со прикажување лажни факти на лице од Куманово дека ќе му помогнат при постапка за откуп на државно земјиште, во два наврати му зеле вкупно 922.500 денари.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.М.(36) за сторено кривично дело „кражба“ и С.И.(49) и С.А.(20), сите од село Џепиште, за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 29.06.2014 година, на раскрсницата помеѓу селата Џепиште и Порој, од страна на полициски службеници при обид да биде запрен трактор натоварен со огревни дрва, управуван од првопријавениот, истиот ја зголемил брзината и се упатил во правец на село Џепиште каде влегол во дворно место, а откако полициски службеници се обиделе да го приведат, второ и трето пријавените ги спречувале при извршување на службените дејствија.

Полициската станица во Гевгелија поднесе кривична пријава против З.Н.(40) од Гевгелија, вработен во ЈП „Македонски Шуми“- ШС „Кожуф“-Гевгелија за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Пријавениот на 09.10.2014 година во својство на службено лице-шумски техничар пропуштил да изврши должен надзор, односно жигосување на 2,1 метар кубен дрвни сортименти и притоа дал неточен опис, односно во испратница што му била дадена на превозникот било впишано дека превезува буково отпадно дрво.

На 30.10.2014 година во 12,00 часот на автопатот Куманово - Скопје, кај село Романовце се случила сообраќајна незгода во која возило „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки управувано до Б.Р.(27) удрило во заштитната ограда на автопатот при што се превртело неколку пати. На лице место починал Беадин Р.(44), а сопатниците Ф.Р.(32), А.Р.(51) и А.Р.(21) сите од село Черкези, кумановско како и возачот на автомобилот се здобиле со повреди и се пренесени во Градска болница Куманово. Поради сериозноста на повредите Ф.Р. е пренесен во Ургентен центар Скопје каде е задржан на лекување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...