„Историја на Чешка“ во издание на „Македоника литера“ и „Макеоднска реч“

Скопје, 31 октомври 2014 (МИА) - „Македоника литера“ и „Македонска реч“ од Скопје деновиве од печат излезе „Историја на Чешка“ од Јан Рихлик, Владимир Пенчев и Новица Велјановски, кој е и преведувач на дел од книгата.

Во неа е опфатена интегралната историја на Чешка: од праисторијата па до 2013 година. Презентирани се шеснаесет периоди од историјата на Чешка, а на крајот се објавени и неколку прилози: географски карти, хронологија на поважните настани, список на владетели и државници низ историјата, како и на претседатели на влади.

Проф. д-р Јан Рихлик е редовен професор на Карловиот универзитет во Прага. Тој е историчар кој во својата библиографија има импозантни референтни податоци со објавувањето на национални истории и исклучителни искуство во нивното пишување. Главен автор е (со коавтор) и на „Историја на Македонија“ (објавена и на македонски јазик во 2009 година, во издание на „Македонска реч“).

Проф. д-р Новица Велјановски последните десетина години е често присутен во чешките архиви како истражувач и како повремен предавач на чешки универзитети.

Проф. д-р Владимир Пенчев е бугарски историчар, реномиран бохемист и тој е коавтор на делот од „Историјата на Чешка“ кој се однесува на нејзината култура. 

„Историјата на Чешка“ на македонски јазик е една од ретките национални истории за други земји објавени во Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...