Атина не открива дали е разговарано за Македонија

Атина, 31 октомври 2014 (МИА) – Грчките медиуми денеска не пишуваат за тоа дали Македонија била тема на разговорите на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг со државниот врв на Атина.

Само провладиниот „Катимерини“ ја наведува изјавата на грчкиот премиер Андонис Самарас кој ја опиша како „безвременска, стратешката цел на Грција за евроатлантската интеграција на Западен Балкан“.

- Јавно не беше спомната Македонија, но грчката позиција (и на НАТО) останува дека треба да има заемно прифатливо решение за името, пишува „Катимерини“.

Очигледно е дека официјална Атина не планира никакво поместување на нејзините црвени линии во врска со блокадите кои ги постави на патот на евроатлантските интеграции на Македонија.

За Грција останува неприфатливо и Македонија да ги почне преговорите со ЕУ, а во меѓувреме да се води и процесот за решавање на прашањето за името во рамките на ОН, иако тоа од официјална Атина веќе го побараа неколку нејзини партнери во ЕУ, меѓу кои и Белгија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...