Средба на министерот Изаири со амбасадорот БаерСкопје, 31 август 2014 (МИА) - Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири денеска се сретна со австрискиот амбасадор во Република Македонија, Томас Михаел Баер.
Како што соопшти Министерството, на состанокот се разговарало за состојбите во заштитата на животната средина и се разгледани можностите за продлабочување на соработката и реализирање идни заеднички проекти од оваа област меѓу Македонија и Австрија.
За таа цел, се наведува, предложено е потпишување Меморандум за соработка во областа животна средина и климатски промени помеѓу двете држави.
|