Француски лаборатории ги потврдија наодите за листерија

Скопје, 31 октомври 2014 (МИА) – Две реномирани француски референтни лаборатории ги потврдија наодите за листерија од македонските институции, информира министерот за здравство Никола Тодоров на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека вчера официјално ги добиле резултатите од Институтот „Луј Пастер“ од Париз и референтната лабораторија „Ансес“ исто така од Париз кои ги потврдиле резултатите од изолатите од храна за листерија, односно потврдиле дека причина за појава на листеријата била свинскиот врат на компанијата „Екстра меин“ од Куманово.

- Денеска резултатите од двете лаборатории ги потврдија наодите добиени во лабораторијата при Ветеринарниот факултет. Се работи за потполно идентичен генотип кај изолат од храна и изолатите од хумано потекло. Се потврдија резултатите кои Министерството за здравство претходно ги објави дека причините за листеријата кај заболените и починатите е производ од компанијата Екстра меин од Куманово. Добивме потврда дека станува збор за ист извор на листерија. Со ова конечно ставаме крај на шпекулациите и наводите дека се уште не е пронајден виновникот за појавата на листеријата, истакна Тодоров.

Прашан што поконкретно ќе преземат по потврдувањето на сомнежите, министерот рече дека уште веднаш до Основното јавно обвинителство поднел кривична пријава за непознат сторител и додаде дека пристигнатите резултати од Франција ќе ги достават до јавниот обвинител и оти очекува наскоро разрешување на предметот. 

На 21 јули годинава кај седум случаи во Македонија беше откриено присуството на бактеријата листерија од кои тројца завршија смртно. Подоцна беа откриени уште тројца заболени од кои двајца завршија смртно, со што вкупниот број на заболени од листерија изнесуваше 10, а смртноста пет лица. 

Листеријата беше изолирана кај свински врат од производителот „Екстра меин“ – Куманово, а македонските институции беа обвинувани за нестручност и за намерно затворање на еден производител. 

Според министерот Тодоров, резултатите од реномираните светски референтни лаборатории потврдуваат дека македонските институции се стручни и оти совесно си ја вршат работата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...