Во Охрид тркалезна маса посветена на зајакнувањето на професионалните стандарди во полицијата

Охрид, 31 октомври 2014 (МИА) – Зајакнување на професионалните стандарди во полицијата преку подобрување на соработката со локалната власт беше тема на тркалезната маса што во организација на МВР, СВР и мисијата на ОБСЕ во Македонија се одржа во Охрид.

- Поднесувањето претставка е значаен сегмент во работењето на полицијата и најзините заложби за подобрување на квалитетот на полициското работење и зацврстување на довербата на јавноста во институцијата“, рече во своето излагање Анета Станчевска, помошник на министерот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР.

Образложувајќи го системот за поднесување претставки таа нагласи дека поднесувањето претставка има за цел заштита на човековите права и слободи загарантирани со Уставот, безбедно и достоинствено чувство кај граѓаните, постигнување нулта-толеранција на корупцијата, остварување на критериумите за влез на Република Македонија во ЕУ и спроведување на долгорочните стратешки цели на Министерството за внатрешни работи.

На тркалезната маса посебен осврт е даден на интензивните контроли што секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди ги реализира кон полициските службеници и изрекувањето казни кога е констатирано кршење на работната дисциплина и законитото полициско работење.

Станчевска притоа нагласи дека поднесената претставка против вработен полициски службеник сериозно и недискриминирачки се разгледува, сеопфатно и непристрасно се истражува, а за спроведните активности се известува и самиот граѓанин подносител на претставката.

На тркалезната маса покрај претставници од полициските станици од Охрид, Струга, Кичево и Дебар, учествуваа уште и заменикот-народен правобранител Даут Селими, претставници на локалните самоуправи од Охрид, Струга, Кичево и Дебар и претставници на невладини организации.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...