Новите програми на ЕУ, нови можности за Македонија

Скопје, 31 октомври 2014 (МИА) - Граѓаните на Република Македонија можат да учествуваат во повеќе програми на Унијата за програмскиот период 2014-2020 година, како што се: Хоризон 2020, Креативна Европа, КОСМЕ, Еразмус+, Програма за вработување и социјални иновации, Европа за граѓаните, Здравје, Живот, Царина 2020, Даноци 2020 и други. Секретаријатот за европски прашања како институција одговорна за координирање на процесот на пристапување на Република Македонија во програмите на Унијата, веќе подолго време соработува со министерствата и останатите институции околу пристапувањето на Република Македонија во Програмите на Унијата.

Ова го истакна вицепремиерот Фатмир Бесими во обраќањето на работилницата “Програмите на ЕУ како поволна можност: Добиени резултати и идни перспективи”, организирана од Италијанската Амбасада во Скопје и Групацијата Латанцио.

- Како резултат на ова, истакна Бесими, Република Македонија во изминатиот период успешно учествува во Седмата рамковна програма за истражување, Рамковната програма за конкурентност и иновација, програмата “Прогрес“, “Култура“, “Млади во акција“, “Доживотно учење“, “Европа за граѓаните“, “Еразмус“, “Царина“, “Фискалис“ и други, посочи Бесими.

Вицепремиерот говорејќи за придобивките од програмите на унијата  ги издвои “Седмата Рамковна програма за истражување“, преку која за периодот  2007 - 2013 реализирани се  94 проекти со вкупен буџет од 11,7 милиони евра, Програмата “Европа за граѓаните“ во која нашата земја за периодот 2007-2013 година учествувала со 58 проекти во вкупен износ од околу 3,6 милиони евра, програмата “Доживотно учење и млади во акција“ каде од 2009-2013 година се финансираа 387 проекти, за кои беа доделени 3,1 милиони евра.

Бесими при тоа се заблагодари на Италијанската амбасада и Групацијата Латанцио за организирањето на денешниот настан и разменетото искуство кое ќе придонесе кон подобрување на нашите капацитети во менаџирање и искористување на можностите кои се нудат преку Програмите на Унијата.

Програмите на Унијата имаат за цел да ја поттикнат соработката помеѓу државите членки во Унијата, но и земјите кандидати меѓу кои и Република Македонија  кои може да учествуваат во нив преку плаќање на влезен билет.

Целта на Програмите е поттикнување на транснационалната соработка помеѓу владините институции, граѓанскиот сектор, средните и мали претпријатија, студентите и други субјекти,  во доменот на секторските политики, олеснувањето на  пристапот до информации, размената на искуства во образованието, истражувањето, младите, културата, социјалните прашања,  даноците и друго.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...