Иванов и Николиќ ја потврдија добрата соработка помеѓу Македонија и Србија

Белград, 31 октомври 2014 (МИА) – Претседателите на Македонија и на Србија, Ѓорге Иванов и Томислав Николиќ, на денешната средба во Белград, констатирале дека соработката меѓу двете земји е многу добра и оти пријателските односи се развиваат во духот на добрососедство и блиска соработка меѓу двата народа.

Претседателот Иванов, јави известувачот на МИА, нагласи дека различните ставови по некое прашање не треба да нè спречуваат да имаме извонредни односи.

- Имаме ралзики во ставовите по некои прашања, но тоа не не спречува во сите други области да имаме извонредни односи. Затоа тоа е позитивен пример во нашиот регион две земји кога имаат некои отворени прашања да не ги блокираат односите во други области. За се што постои разлика треба да го решиме по пат на дијалог, изјави Иванов по средбата со неговиот домаќин. 

Македонија и Србија имаат долга историска и културна традиција, додаде Иванов, а споделуваме идентична визија за влез во европското семејство. - Од витален интерес на двете земји е интензивирање на билатералните односи во сите сфери каде имаме взаемен интерес, рече македонскиот претседател. 

Инфраструктурата е доминатно прашање за кое станало збор на средбата, како и за развој на енергетските капацитети и да се обезбеди енергетска стабилност во регионот. Во фаза е формирање бизнис клуб меѓу стопанственици од двете земји. Иванов и Николиќ разговарале и за регионалната и европската перпсектива на регионот. 

- Затоа ние двајца апелираме да се свртиме кон иднината, нашите капацитети кои сега се насочени кон економија и инфраструктура се со цел нашите луѓе поинтензивно да соработуваат и комуницираат и животот да биде подобар. Европската интеграција на нашиот регион е најдобар начин зад себе да ги оставиме сите досегашни балкански предрасуди и анимозитети. Како регион има многу работи што треба да ги оставиме зад нас и да се посветиме на младите луѓе, а  инвестирајќи во младите инвестираме во иднината да живеат во поубав свет, изјави Иванов.

Српскиот претседател Николиќ истакна дека политичкиот дијалог е интензивиран меѓу двете држави во изминатите две години со средбите на највисоко ниво. Изрази благодарност за помошта што Македонија и ја даде на српскиот народ за време на поплавите. - Добрината е единствената работа што им одолева на историските бури и настани, рече Николиќ. 

Поголемо значење на економската соработка, според српскиот претседател, ќе даде новата спогодба која треба да биде потпишана на наредната заедничка седница на двете влади. 

- Постојат значителни можности за унапредување и зголемување на стоковната размена. Претседателот Иванов ја потврди заинтересираноста за унапредување на патната инфраструктура особено за што поскоро завршување на коридорот 10. Со завршувањето на работите на тој коридор до крајот на 2016 ќе биде комплетирана и патната и железничката инфраструктура низ Србија и низ Македонија, изјави српскиот претседател.

Николиќ побара што поскоро да се усвои спогодба за заштита на воените меморијални споменици. 

- Со оглед дека годинава одбележуваме значаен јубилеј 100 години од почетокот на Првата светска војна сметам дека тоа е добра прилика и повод да ги обновиме нашите храбри сограѓани благодарение на чија жртва и храброст ние живееме во мир и слобода. Го замолив претседателот Иванов што поскоро да се усвои спогодбата за заштита на воените меморијални споменици и местата каде што настрадале цивили за нивната обнова да се реализира во најкраток можен рок, рече српскиот претседател.

Македонскиот претседателот Иванов имаше работна средба и со претседателката на Народното Собрание Маја Гојковиќ, а во Панчево ќе оствари средби со претставници на македонското национално малцинство во Србија.

За време на посетата, положи венец на споменикот на незнајниот јунак на Авала.

Утре во Белград претседателот Иванов ќе учествува на 38-та средба на Европската група на Трилатералната комисија, што се оценува како собир на највлијателните луѓе во светот, односно се смета за „светска влада во сенка“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...