Екс директорот на Царина, Каргов осуден на 3 месеци условна затворска казна

Поради злоупотреба на службената должност поранешниот директор на Царинската управа, Ванчо Каргов е осуден на три месеци условна затворска казна, која нема да се изврши доколку тој не стори прекршок во наредните година и пол по правосилноста на пресудата.

Според пресудата Каргов е осуден поради злоупотреба на службената должност, односно додека бил директор на Царинска управа, не го почитувал решението на Комисијата за работни односи, и одбил да го врати на работа Ласте Ивановски, кој претходно бил избркан поради кршење на работниот ред и дисциплина, стои во образложението од судот.

Колку за потсетување, и 42 годишниот скопјанец, Ивановски, во април оваа година, заработи кривична пријава бидејќи му се заканувал на поранешниот директор на Царинската управа Ванчо Каргов.

Од полицијата тогаш информираа дека пред една недела Ивановски отишол пред влезот од зградата каде што живее Каргов, кој сега е претседател на инспекциски служби во Владата и неконтролирано викал и ѕвонел по влезните врати, а по пријава на настанот во полиција на пријавениот му е издаден платен налог за сторен прекршок од ЗППЈРМ.

Три дена подоцна скопјанецот под дејство на алкохол повторно отишол пред влезната врата од станот на Каргов притоа вербално заканувајќи се дека ќе го убие.

Причина за заканите била отказ кој Л.И. го добил во 2009 година во време кога Каргов бил директор во Царинската управа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...