Од утре заладување и дожд

Скопје, 18 ноември 2014 (МИА) - Обилни врнежи од дожд, заладување и пад на температурите за четири до шест степени, најавуваат метеоролозите.

Од УХМР посочуваат дека денеска во доцните попладневни часови постепено подрачјето на земјава ќе потпадне под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од југозапад. Преку ноќта ќе има обилни врнежи од дожд, особено во западните делови на Македонија. Врнежите ќе продолжат и во текот на утрешниот ден, кога повторно на повеќе места ќе бидат пообилни. Во источните делови ќе има локална појава на интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места се очекува да наврнат над 30 литри дожд на метар квадратен. Во попладневните часови ќе почне да дува умерен северен ветер, кој во четврток и петок повремено ќе се засилува.

Во наредните денови времето ќе биде претежно стабилно, но посвежо. Утринската температура за време на викендот ќе биде во интервал од минус три до четири степени. Максималната температура во четврток ќе се движи од 7 до 14 степени, во петок од 6 до 12, во сабота од 8 до 14, во недела од 8 до 13 степени, во понеделник од 5 до 10 степени. Негативни утрински температури не очекуваат од сабота. Од минус два во сабота, минус три во недела и минус два во понеделник.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...