Втор детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето“

Скопје, 20 ноември 2014 (МИА) - Со изведба на претставата „Девојчето, змејот и црните облаци“ в понеделник во Младинскиот културен центар почнува второто издание на Интернационалниот детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето“. 

Фестивалот ќе трае три дена, а ќе учествуваат и Театарот Омбрес од Франција со претставата „Пет забавни приказни“ и „Cia quase cinema“ од Бразил со претставата „Животот на Северионо“.

Круме Стефановски, еден од организаторите на фестивалот, денеска на прес-конференција информира дека во „Девојчето, змејот и црните облаци“ е раскажана актуелна тема за загадувањето на градот од железарницата.

- Освен децата и луѓето од градот, железарницата го труе и змејот. Тоа е една интересна приказна во која девојчето оди да го ослободи најдобриот другар, што го грабна змејот,... Во претставата користиме техника која досега никој не ја користел, односно песочна уметност, цртање со песок, тоа го проектираме како видео и преку него играме фигури со сенки. Со тоа успеавме да добиеме друга динамика на овој театар со сенки, истакна Стефановски.

Претставата „Животот на Северино“, според него, раскажува приказна за навраќање кон природата и урбаните проблеми. Французите ќе играат кратки приказни споени во една претстава, интересни различини и динамични.

- Ова е единствен детски фестивал во Скопје и очекувам голем интерес кај публиката. Претставите се интересни, се работи за театри на сенки, изјави Стефановски.

На фестивалот ќе има и работилници каде дечињата ќе може да дојдат да прават фигури и да играат зад платно, да подготвуваат кратки сцени, а на затворањето на фестивалот ќе одиграат кратка презентација на сцените што ќе ги сработат. 

Претставите ќе ги гледаат деца од СОС Детско село, деца со даунов синдром, а во тек се преговори и за други маргинализирани групи, кои ќе имаат можност да ги проследат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...