Груевски: Најдоцна до март следната година ќе заврши проектирањето на патот Тетово-Гостивар

Тетово, 20 ноември 2014 (МИА) – Најдоцна до март следната година ќе заврши проектирањето на патот Тетово – Чегране – Брвеница – Гостивар по што ќе следи избор на изведувач на градежните работи, информира премиерот Никола Груевски.

Изградбата на патот е предвидена со Програмата, што, според Груевски, значи дека ќе се реализира.

- Проектирањето треба да заврши во март следната година и потоа да почнат процедурите за избор на изведувач. Светската банка го поддржува овој проект на Република Македонија, така што очекувам во текот на следната година да почне изградбата, односно реконструкцијата и рехабилитацијата на овој патен правец, изјави денеска Груевски, одговарајќи на новинарски прашања по одбележувањето 13 години од основање на Универзитетот на ЈИЕ во Тетово.

Во изминатиот период, потсети Груевски, во овој регион целосно или делумно беа обновени уште два патни правца Јегуновце – Лешок и Тетово – Пирок – Гостивар.

- Она што сме го зацртале го спроведуваме и она што сме го ветиле ќе биде целосно сторено, рече премиерот Никола Груевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...