Донесена петгодишната Програма за развој на Источно-планскиот регион

Штип, 20 ноември 2014 (МИА) - Советот на градоначалници на општините од Источно-планскиот регион (ИПР) денеска ја донесе Програмата за развој на ИПР во периодот 2015 - 2019 година.

- Не можам да издвојам кои од проектите се значајни, но можам да кажам дека патната инфрструктура, туризмот и развојот на земјоделството се едни од поголемите приоритети. Владата за овој регион веќе го реализира автопатот Штип-Миладиновци, очекуваме да се реализира и експресниот пат Штип-Кочани, како и до бугарска граница и до Берово, а во делот на туризмот значајно е да ги издвоиме изградбата на скилифт и жичарница на Пониква и колекторски систем за овој туристички центар, изјави Претседателот на Советот Тони Тоневски.

Директорката на Центарот за развој на ИПР Драгица Здравева рече дека меѓу најзначајните проекти што треба да се реализираат е регионалната депонија, но и за подземниот катастар повторно се создадени контаките со словенечката влада за грант од еден милион евра. Значајни се, додаде, и проектите за заштита на животната средина за наредните години кои ги финансира швајцарската влада.

Според државниот секретар во Министерството за локална самоуправа Билјана Цветановска Гугоска, донесувањето на овие програми за регионите во земјава е значајно, а средства за реализација на проектите ќе има преку фондовите на ЕУ, министерства, но и преку Бирото за рамномерен регионален развој. Огласот за аплицирање се очекува во декември.

- Околу 110 милиони денари се издвоени од Буџетот за реализирање проекти преку Бирото за рамномерен регионален развој, а кои ќе бидат реализирани преку проекти во рамките на регионите, истакна Цветановска Гугоска.

Изработката на Програмата за развој на ИПР финансиски е подржана од ГИЗ РЕД, а во нејзината подготовка беа вклучени општините, бизнис секторот, неладини организиации и експерти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...