Универзитетот на Југоисточна Европа одбележа 13 години од основањето

Тетово, 20 ноември 2014 (МИА) - Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово денеска одбележа 13 години постоење. На свеченоста се обрати премиерот Никола Груевски, задоволен што универзитетот, во чие основање учествувал како  член на Владата во 2001 година, денеска е на трето место на националната ранг-листа на  универзитети, составена од шангајскиот Џио Тонг универзитет.

Верува дека покажаниот успех и резултати во работењето со студентите овој универзитет ќе ги задржи како бренд и во иднина и дека дополнително ќе вложува во напредок во повеќе бизнис-сегменти зашто, како што рече,  клучен предуслов за подобрување на економијата, намалувањето на невработеноста и привлекување странски директни инвестиции, е спроведување долгорочна стратегија за оптимизација на образованието и создавање паметна нација.

Груевски ги наведе крупните реформи во  високото образование со кои во последните години бројот на процентот на матуранти кои продолжуваат на факултет е зголемен од 50 на 90 отсто. Ги спомна отворањето нови универзитети и факултети, дисперзирани студии и достапност за младите од цела Македонија, намалување на партиципацијата за студирање, подигање на свесноста за образование и инвестирање во знаење, стипендирањето за тие што ќе се запишат на првите 100 односно првите 200 рангирани универзитети од областа на техничките науки, проектите Превод на стручни книги - од кои досега се преведени околу 900 наслови, и проектот за опремување лаборатории на факултетите - во кој досега се инсталирани 90 лаборатории... 

Во оваа пригода премиерот им порача на средношколците и студентите дека пазарот на трудот ги избира квалитетните и дека дупките во образованието се покажуваат на интервјуата за работа, а во услови на невработеност конкуренцијата е поголема. 

- Не треба да се радуваат на лесно заработената оценка, туку на реалното знаење. Тој што ви подарува оценка, тој што импроивизира не може,  не сака или не знае да го извади максимуот од вас, тој не ви прави никаква услуга, туку сосема напротив ве осакатува во вашиот образовен интелекутален потенцијал... пазарот признава само квалитет и ништо повеќе од тоа. Од овие причини ние како Влада би биле несериозни ако не размислуваме како да им помогнеме на нашите млади, на нашите универзитети и воопшто на нашата држава да се надминат некои слабости и да се продуцира уште поквалитетен кадар. Во ваквите размислувања треба да се вклучат и универзитетите, професорите, науката, студентите и сите оние кои се на директен или индиректен начин поврзани со високото образование, нагласи Груевски.

На одбележувањето на 13-годишнината од Универзитетот на ЈИЕ ректорот Замир Дика ги додели дипломите на петте новопроизведени доктори на науки, а свечено беше отворен и Центарот за производство на енергија од биомаса. 

Дика во својот говор за создавањето на Универзитетот рече дека во време на голема дилема за иднината на државата преку Охридскиот рамковен договор бил избран модел за мултиетничко, мултикултурно и мултијазично општество со институционализирање на високото образование на албански јазик.

- Со формирањето на Универзитетот беше избран модел за создавање вискообразовна институција со што не само што ќе се формализира употребата на албански јазик, туку ќе понуди и високо образование споредено со меѓународни стандарди и трендови отворено за сите студенти без разлика на нивниот јазик на студии. Оваа идеја се реализираше со инвестиција од над 35 милиони евра за да се создаде модерна инфраструктура, но и активно да се поддржува создавањето и развојот на човечките ресурси, изјави Дика.

Тој ја поздрави одлуката на Владата на РМ и Министерството за образование и наука годинава Владата да учествува со 30 милиони денари  во финансирањето на Универзитетот со кои тој добива единствен статус во Македонија како приватно-јавен непрофитен универзитет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...