Тодоров во посета на Тетово

Teтово, 21 ноември 2014 (МИА) - Првпат и во Тетово може да се изведуваат зафати од областа на интервентната кардиологија - ангиографија и стентирање. Досега во Тетовската клиничка болница се третирани седум пациенти од кои на петмина им се вградени стентови. Ова е многу важно бидејќи кардиоваскуларните заболувања се со најголема смртност во Македонија, чиј процент изнесува над 57 отсто.

Ова денеска го изјави министерот за здравство Никола Тодоров, кој го посети неодамна отворениот Центар за интервентна кардиологија, во рамки на Клиничката болница Тетово. Во придружба на директорите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија и на Тетовската клиничка болница, Џемали Мехази и Флорим Бесими, тој ги посети и одделите за компјутерска томографија и магнетна резонаца кои подолго време работат во состав на таа јавна здравствена установа.

Тодоров посочи дека почнале со ширење на оваа мрежа за интервентна кардиологија надвор од Скопје, бидејќи сите медицински методи и процедури покажуваат дека од добивањето срцев удар до влегувањето во болница времето е најважно за преживување и помали компликации во третманот.

- Центарот во Клиничката болница Тетово ќе го покрива целиот полошки регион, вклучително и Гостивар со околината. Ова е голем придонес во подобрувањето на оваа мрежа за интервентна кардиологија, така што Битола ги покрива и Прилеп и Ресен, а одлично функционираат и центрите во Охрид Скопје и Штип. Во Тетово имаме тројца искусни доктори кои имаат одличен организациски пристап и соработуваат меѓу себе како важен предуслов за што подобро интервенирање кај пациентите, рече министерот Тодоров.

Во однос на работењето на компјутерскиот томограф и магнетната резонанца Тодоров нагласи дека досега се извршени околу 3.000 прегледи на компјутерскиот томограф, како и повеќе од 1.000 прегледи на магнетната резонанца. Појасни дека почнати се вакви прегледи кај деца за што имало голем потреба изминатиот период и каде имало подолга листа на чекање. Откако магнетната резонаца профункционирала и во Тетово, укажа тој, веднаш има слободен термин за преглед.

Директорот на Клиничката болница Тетово, Флорим Бесими изрази задоволство од посетата и поддршката на министерот Тодоров за набавка на нова современа медицинска опрема и оспособување на медицинскиот кадар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...