Гласајте за најдоброто уредување на охридските плажи

Граѓаните во наредните десеттина дена по пат на електронско гласање на веб-страницата на Министерството за транспорт и врски www.mtc.gov.mk ќе можат да учествуваат во изборот на најдоброто идејно архитектонско урбанистичко решение за уредување на пет плажи на Охридско Езеро.

Станува збор за четири идејни решенија за уредување на пет нови плажи, долж крајбрежјето на Охридско Езеро и тоа плажа од 120 метри во населеното место Далјан, плажа од 120 метри во близина на Извидничкиот камп, плажа долга 700 метри на потегот од Студеничкото блато до хотел Парк, плажа од 500 метри во Љубаништа и плажа со должина од 120 метри во Лагадин. Едно од идејните решенија предвидува унифициран изглед за сите пет плажи, а останатите три посебен изглед за секоја од плажите.

По завршувањето на електронската анкета жири-комисија составена од стручен тим од Министерството за транспорт и врски, врз основа на критериумите од тендерската документација, ќе ги избере идејните решенија за плажите, ќе донесе решение за доделување на награди, како и за откуп на останатите идејни решенија, по што ќе се објави повик за изготвување на проектната документација. Потоа ќе биде избран изведувач на проектите, а откао плажите ќе бидат готови Министерството за транспорт и врски ќе и ги предаде на општина Охрид.

- Целта на проектот е да се уреди и збогати понудата при користење на водената површина, да се создаде атрактивен простор кој во себе содржи потенцијал за збогатување на постоечките понуди на Охридската ревиера и е од особено значење за зголемување на бројот на туристи, како и креирање на услови за поголем економски развој на општина Охрид, велат од Министерството за транспорт и врски.

Оттаму посочуваат дека е предвидено плажите да се изградат согласно највисоките туристички стандарди и особено внимание ќе се посвети, да не се наруши еко-интегритетот на околината, кои се јавуваат со посебни специфичности за Охридското Езеро.

Предвидено е планираната песочна површина да биде од соодветен автохтон песок од регионот, притоа да се почитува постојното зеленило и да се дооформи со автохтони видови, хортикултурно и партерно да се уреди со поставување на клупи, фонтани за питка вода, детски игралишта, пешачки патеки од монтажно – демонтажни материјали.

Покрај тоа, се предвидува и изградба на сервисен пункт што треба да се состои од шанк со кабина за музика, место за озвучување, санитарен јазол, тушеви (согласно правилникот за минимално-техничките услови за вршење угостителска дејност), соблекувални, прирачна остава за чадори, лежалки и други реквизити.

Понатаму, да се обезбеди простор за чадори за сонце и лежалки, на капалиштата да биде обележан просторот за капење во езерото со бови, заради заштита на капачите од пловни објекти, како и предвидено место за службата за спасување, места за информативни паноа, бежичен интернет и слично.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...