Пулт за информации во Подрачна служба на ФЗОМ во Скопје

Скопје, 24 ноември 2014 (МИА) - Во Подрачната служба на Фондот за здравствено осигурување на Македонија во Скопје има пулт за информации на кој граѓаните и осигурениците може бесплатно да ги добијат сите потребни информации во врска со сите услуги на ФЗОМ.

Од Фондот соопштија дека лицата кои работат на пултот се обучени да им помогнат на осигурениците во пополнување на сите потребни формулари, доколку имаат потреба за тоа. Формуларите, кои се потребни за остварување на некое право, се бесплатни.

Пултот за информации и за помош за пополнување документи се наоѓа веднаш на влезот во подрачната служба и е видно означен како пулт за информации. Забележано е дека пред просториите на Подрачната служба Скопје има лица кои им наплаќаат пари на осигурениците за да им пополнат формулари. Токму затоа, овој апел има за цел да ги информира осигурениците дека во ФЗОМ има посебно лице во видлива црвена униформа на ФЗОМ, на посебен пулт за информации и пополнување документи, стои во соопштението.

ФЗОМ, истакнуваат оттаму, е посветен на правилно организирање на работата на подрачните служби и води сметка осигурениците да не бидат оштетени и да бидат предмет на манипулација на лица кои ги лажат осигурениците и им земаат пари за услуги кои се бесплатни. Сите формулари се достапни на веб страницата www.fzo.org.mk во делот (обрасци за осигурените лица) и тие може да се отпечатат. За секој образец постои и упатство како да се пополни, како и документи кои се потребни да се приложат за бараната услуга.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...