Иванов се сретна со претседателот на турското Собрание Чичек

Скопје, 24 ноември 2014 (МИА) - Претседателот Ѓорге Иванов и претседателот на Големото Национално Собрание на Турција Џемил Чичек на денешната средба изразиле задоволство од одличните односи и континуираниот нагорен тренд во соработката помеѓу Република Македонија и Република Турција на сите нивоа.

Поздравувајќи ја досегашната парламентарна соработка, претседателот Иванов изрази надеж дека и во наредниот период парламентарната соработка ќе даде свој придонес во натамошното јакнење на односите и збогатувањето на соработката.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот, Иванов изразил благодарност за принципиелната поддршка од Турција за членство на Македонија во НАТО.

- Високо го вреднуваме фактот што Република Турција е долгогодишен и гласен поддржувач и промотор на стратешките цели на Република Македонија, рече претседателот Иванов на средбата.

Двајцата соговорници ја поздравија економската соработка која бележи нагорен тренд, со очекување за нејзино интензивирање. На средбата е разговарано и за интензивирање на соработката во сферата на одбраната и безбедноста, културата, образованието, како и на мултилатерален план.

Претседателот Иванов изрази очекување за зајакната соработка во рамките на Алијансата на цивилизациите, имајќи предвид дека Турција е еден од основачите на оваа иницијатива во Обединетите Нации.

Претседателот на Големото Национално Собрание Чичек нагласи дека Македонија е важен партнер на Турција и дека, како и досега, Македонија може да смета на поддршка од Анкара.

На средбата се разменети мислења и информации и за регионалните состојби.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...