Есеи за идентитетот и суверенитетот од Димитар Мирчев

Скопје, 25 ноември 2014 (МИА) - Издавачот „Макавеј“ од Скопје во едицијата  „Historia est...“ објави книга есеи „Идентитет и суверенитет“ од проф. д-р Димитар Мирчев, која е целина од пет аналитични, есеистички пристапи во објаснувањето на темите поврзани со поновата и најновата македонска политичка и општествена стварност. 

- Темата која и денес го држи во политичка затегнатост македонскиот општествен простор, односно позицијата на идентитетот и суверенитетот е обработена во есејот „Идентитет и суверенитет“ и заедно со последниот есеј „За македонските работи“ претставува редок публицистички спој на клучните теми од демократизацијата на македонското општество кои Мирчев ги зачнува во неговите постари есеи „Раните подготовки“, „Шокот на политичкиот плурализам“ и „Распадот“ кои се средишница на оваа книга, соопшти „Макавеј“.

Издавачот наведува дека новата книга на проф. д-р Мирчев е успешно продолжение на двете негови претходни книги кои беа посветени на балканските национални програми и на трите македонски демократски пролети.

- Во истражувачкиот пристап кон темите Мирчев се потврдува како елоквентен, точен и строг аналитичар но и есеист кој многу успешно покрај политиколошкиот дискурс мошне успешно ги користи и сознанијата од другите науки, како историјата, социологијата, економијата, со единствена цел најкомлексно и компетентно да ги докаже своите тези, додава „Макавеј“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...