Вицепремиерот Бесими во посета на ЕП и Советот на Европа во Стразбур

Стразбур, 26 ноември 2014 (МИА) - Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, од денеска се наоѓа во посета на Европскиот парламент и на Советот на Европа, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Посетата на Бесими се совпаѓа со одржувањето на 12. Мешовит парламентарен  комитет Република Македонија-Европска унија, кој започнува попладнево во Еропскиот парламент и ќе трае до утре напладне.

Вицепремиерот за европинтеграции предвидено е посетата да ја почне со одвоени средби со повеќе европратеници, како Ричард Ховит, Алојз Петрле, Моника Маковеј. Тој утре треба да се сретне со известувачот во ЕП за Република Македонија Иво Вајгл и претседателот на Комисијата за надворешни работи Елмар Брок.

Попладнево Бесими, придружуван од амбасадорот на Реублика Македонија при Советот на Европа Петар Поп Арсов, ќе биде примен од страна на генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд. На оваа средба се очекува да стане збор за заштитата на човековите права и посебно на малцинските права, што подразбира и доследно спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права од сите земји членки на СЕ, меѓу кои и Република Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...