Објавен оглас за соработник за контакт со странски здравствени установи

Скопје, 26 ноември 2014 (МИА) - Со цел воспоставување соработка, како и зајакнување и унапредување на постојната соработка со реномирани здравствени установи и еминентни доктори од областа на медицината во светот, Министерството за здравство објави оглас за изразување интерес за ангажирање надворешен соработник на Министерството.
 
Како што соопшти Министерството за здравство, ангажманот на соработникот ќе се состои од воспоставување контакти со реномирани странски болници, како и непосредни контакти со врвни доктори, со цел разгледување на можностите за нивно ангажирање за обука на македонските доктори.
 
На објавениот оглас може да се пријават кандидати кои ги исполнуваат следните услови: стекнато најмалку петгодишно работно искуство како доктор по општа медицина, и одлично познавање на англиски јазик, за кое кандидатот треба да поседува соодветно признание (TOEFL или друга меѓународно призната диплома).
 
Од кандидатот кој ќе биде избран на објавениот оглас, се очекува да покаже исклучителни вештини на комуникација и менаџирање на професионалните контакти, што ќе резултира со склучување меморандуми за соработка со најмалку три здравствени установи месечно, како и воспоставување соработка со најмалку тројца еминентни доктори од земјите-членки на OECD, на месечно ниво. Воедно, ангажманот на надворешниот соработник ќе вклучува посета и престој во странски држави, согласно потребите.
 
Огласот е објавен во дневни весници и на веб-страната на Министерството за здравство (http://zdravstvo.gov.mk/oglas-za-nadvoresen-sorabotnik/), а рокот за пријавување изнесува 10 дена од денот на објавување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...