Собраниска делегација на 12. состанок на Мешовитиот комитет во Стразбур

Скопје, 26 ноември 2014 (МИА) - Делегација на Собранието на Република Македонија ќе учествува на 12. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европска унија што денеска и утре ќе се одржи во Европскиот парламент во Стразбур.

На 12. состанок се очекува да бидат разгледани повеќе прашања во врска со односите меѓу Македонија и ЕУ, актуелната политичка ситуација во државата по одржаните предвремени избори во 2014, владеењето на правото, реформите во судството и јавната администрација, борбата против корупцијата, потоа за слободата на изразување и медиумите, економските и финансиските случувања, како и за добрососедските односи и регионалната соработка во контекст на ПСЈИЕ.

Во македонската собраниска делегација се пратеникот Кенан Хасипи, како претседател на делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (ко-претседавач на овој комитет), пратеникот Артан Груби, потпретседател на делегацијата (заменик ко-претседавач на комитетот), пратениците Антонио Милошоски, Силвана Бонева, Владимир Ѓорчев, како членови и пратеникот Беким Фазлиу, заменик-член на делегацијата. 

Се очекува на состанокот обраќање да има и вицепремиерот задолжен за евроинтеграции Фатмир Бесим.

Дванаесеттиот состанок на Мешовитиот комитет се одржува согласно Спогодбата за асоцијација и стабилизација на Република Македонија и Европската унија и според Деловникот на Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европска унија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...